Книжевни серијали кои станаа култни поради филмовите и сериите што ги инспирираа

Од „Господарот на прстените“ на Толкин, па сè до „Игрите на гладните“ на Сузан Колинс, многу книжевни серијали се прославија благодарение на филмовите и сериите направени според нив.

knizhevni-serijali-koi-stanaa-kultni-poradi-filmovite-i-seriite-shto-gi-inspiriraa-01.jpg

Можеби сте забележале дека последниве неколку години, ретко-кога се појавува филм или серија со оригинална приказна. Најчесто сите се направени според книга, серијал или некоја кратка приказна, кои дотогаш не биле баш популарни.

Но, токму овие адаптации им помогнале на авторите да ги прослават нивните дела и, на некој начин, да ги направат култни.

Па, погледнете кои книжевни серијали се прославија благодарение на филмовите и сериите што ги инспирираа:

„Господарот на прстените“ – Џ. Р. Р. Толкин

Толкин без сомнение го прослави жанрот „епска фантазија“, а трилогијата „Господарот на прстените“ стана вистински хит откако се сними истоимениот филмски серијал.

Најпрво Толкин ја напиша „Хобитот“, а потоа ја продолжи приказната за Прстенот со уште три делови: „Дружината на прстенот“, „Двете кули“ и „Враќањето на кралот“.

Адаптацијата на Питер Џексон одлично ја долови атмосферата од книгите, а трите филмови освоија неколку Оскари.

Пред неколку години Џексон направи уште една филмска трилогија, според приказната од „Хобитот“, за која фановите на книгите се убедени дека е сосема непотребна.

knizhevni-serijali-koi-stanaa-kultni-poradi-filmovite-i-seriite-shto-gi-inspiriraa-02.jpg

„Хрониките на Нарнија“ – К С. Луис

Првата книга од серијалот на К. С. Луис си доби филмска адаптација во 2005-та година, а оттогаш се зголеми и продажбата на книгите.

Подоцна беа снимени уште два филма според книжевниот серијал, но не го повторија успехот на првиот.

Серијалот книги го сочинуваат дури 6 продолженија, но веројатно наскоро нема да ја видиме екранизираната верзија на сите.

knizhevni-serijali-koi-stanaa-kultni-poradi-filmovite-i-seriite-shto-gi-inspiriraa-03.jpg

„Песна за мразот и оганот“ – Џорџ Р. Р. Мартин

Иако разочара со крајот, „Игра на тронови“ дефинитивно е најпопуларната серија што ја видовме минатата деценија.

Интересно е што серијалот книги уште не е завршен, па многу фанови сметаат дека токму затоа беше уништен крајот на серијата.

Досега Џорџ Мартин има напишано 5 продолженија, од кое последното беше издадено пред 10 години. Наводно, крајот на книгите ќе се разликува од оној на серијата, па многу фанови уште имаат надеж за серијалот.

knizhevni-serijali-koi-stanaa-kultni-poradi-filmovite-i-seriite-shto-gi-inspiriraa-04.jpg

„Хари Потер“ – Џ. К. Роулинг

Книгите за Хари Потер се најпродаваниот и најуспешниот серијал на сите времиња и ја направија Роулинг милијардер.

Знаевте ли дека на почетокот, авторката била одбиена од барем 10 издавачки куќи? Нејзината упорност очигледно се исплатела, па сега постојат неколку генерации кои буквално пораснаа со книгите, филмовите, но и актерите од серијалот Хари Потер.

knizhevni-serijali-koi-stanaa-kultni-poradi-filmovite-i-seriite-shto-gi-inspiriraa-05.jpg

„Игрите на гладните“ – Сузан Колинс

Додека книгите се наменети за помлада публика, на тинејџерка возраст, филмовите им се допаднаа и на многу повозрасни гледачи.

Секоја од трите книги си доби свој филм, од кои последната беше поделена во два дела. На некој начин, филмовите не само што ги прославија книгите на Сузан Колинс, туку и ја „навлекоа“ јавноста на приказни сместени во дистописки свет.

knizhevni-serijali-koi-stanaa-kultni-poradi-filmovite-i-seriite-shto-gi-inspiriraa-06.jpg

„Дивергенти“ – Вероника Рот

Екранизацијата на овие книги ја потврдува зголемената популарност на дистописките приказни.

Серијалот го сочинуваат три книги кои го следат главното дејство, а подоцна беше издадена уште една книга, која е збир приказни раскажани од перспектива на друг лик.

Книгите беа адаптирани во три филмови, а беше најавен и уште еден, но наводно режисерот „кренал раце“ од проектот.

И покрај големиот број фанови, многу гледачи и читатели сметаат дека овој серијал е само копија на „Игрите на гладните“.

knizhevni-serijali-koi-stanaa-kultni-poradi-filmovite-i-seriite-shto-gi-inspiriraa-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg