3 секси книги со силен еротски набој кои ќе ја разгорат вашата фантазија

Доколку навистина имате работа, нашата препорака е да не посегате по следните три книги. Доколку пак имате слободно време и желба да ја разгорите фантазијата или сексуалниот живот, тогаш слободно предадете им се на овие внимателно одбрани наслови:

Tri-seksi-knigi-so-silen-erotski-naboj-01.jpg

Сурова љубов – Колин Хувер

Кралицата на љубовните романи, Хувер, повторно ги освои срцата на читателите со овој нежен, секси, еротски роман. Тејт и Мајлс навидум немаат ништо заедничко. Таа е посветена на својата кариера. Тој има минато кое не сака да го открие никому.

Она што на двајцата им одговара е секс без обврски. Па почнуваат да го прават токму тоа. Постојат само 2 правила: Тејт не смее да го прашува Мајлс за минатото. И не смее да очекува никаква иднина со него. Но работите никогаш не излегуваат според планираното, особено во љубовта.

Tri-seksi-knigi-so-silen-erotski-naboj (3).jpg

Килибар и свила – Неџма

Жената која пишува под псевдонимот Неџма, повторно длабоко навлегува во тајните на арапскиот свет. Исполнета со авантурите на еден млад, марокански студент, Карим по пораснал во Мароко не знаејќи ништо за љубовта.

Како студент, а потоа и новинар во Париз, се нурнува во вител на еротски авантури, постепено откривајќи дека не успева вистински да љуби. Додека неговата култура не учи како да се љуби жена, уште помалку Европејка, доселеникот Карим одненадеж паѓа во сексуалниот вител карактеристичен за западното општество.

Tri-seksi-knigi-so-silen-erotski-naboj (2).jpg

Клуб на прељубници – Тес Стимсон

Николас е грижлив сопруг – згоден адвокат за бракоразводни парници кој ја обожава својата жена и трите ќерки. Сара Каплан е совршена заводничка – сексипилна млада адвокатка која е уморна да биде осамена. Малинче Лион е совршена сопруга – и понатаму убава, писателка на популарни готвачи и мајка на три прекрасни ќерки.

Николас кој е луд по својата жена, сосема неочекувано започнува да мечтае по Сара. Таа почнува да кокетира и да си подигрува со него, а Малинче почнува да се соочува со сопствените предизвици.

Tri-seksi-knigi-so-silen-erotski-naboj (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет) Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg