Книги кои добро ќе ве насмеат и расположат овој декември

На сите ни треба малку смеа, доза оптимизам и добро расположение на почетокот на последниот месец од годината. 

Knigi-koi-dobro-ke-ve-raspolozat-srede-noemvriskoto-sivilo-01.jpg

Доколку сте во потрага по книги со здрава доза на хумор, по малку откачени, духовити и мошне интелигентни, ви ги препорачуваме следните три:

Океј сум! Помагајте! – прирачник за несовршени жени – Анабел Ривкин и Емили Мекмикан

Идејата за оваа книга потекнува од колумната насловена како „Будалеста зрелост“ од која подоцна Ривкин и Мекмикан ја развиле истоимената интернет-страница, за да го променат имиџот на средната доба, како контраудар на угнетувањето базирано на вежби, рецепти и сосредоточеност на шпоретот.

Опсегот на теми со кои се занимаваат тие е голем – од кариерата до мајчинството, од сите сеќавања и искуства што си ги собрала до грешките што си ги правела, оние поради кои жалиш и оние на кои си благодарна, од држењето диети и диктатот како треба да изгледаш до конечното ослободување.

Knigi-koi-dobro-ke-ve-raspolozat-srede-noemvriskoto-sivilo (2).jpg

Шест проблеми за дон Исидро Пароди – Адолфо Биој Касарес и Хорхе Луис Борхес

Неповторлива уметничка фузија од креативната енергија на Борхес и Касарес. Пародија на детективскиот жанр, но истовремено и негово ремек-дело. Низ хумор и непредвидливи заплети, се движиме низ шесте приказни на дон Исидро Пароди.

Овој парадоксален детектив ги решава најсложените случаи со неверојатна вештина, без да излезе од својата ќелија во државниот затвор, каде што одлежува казна неправедно осуден.

Ова извонредно и сатирично дело е суштинскиот клуч на плодната соработка меѓу двајцата големи аргентински писатели, кои прават спој на ерудиција, пародија, мистификација и загадочност.

Knigi-koi-dobro-ke-ve-raspolozat-srede-noemvriskoto-sivilo (1).jpg

Се викам МАМА – Јелица Грегановиќ

Ова е приказна за сите родители, другари, братство без сон. Ова е кратка борба против оној чип за заборавање кој ни го вградила Мајката Природа, затоа што ако се сеќаваме на сето она што го проживеавме со децата, наталитетот драстично би опаднал.

„Во училиштата за родители или на индивидуалните советувања, кога и да видам преплашени родителски погледи, пред какви било прашања, посакувам да кажам: ’Опуштено, тоа е сосем нормално!‘

Авторката не само што нормализира многу детски и родителски стравови, амбиции, тага, расправии, туку како бонус нуди неуморна духовитост која сигурно ќе ги доситни и најмалите сомнежи во тоа дека нормалноста нема граници.

Како ни љубовта, фантазијата, довербата – барем не кога се во прашање децата и родителите.

Knigi-koi-dobro-ke-ve-raspolozat-srede-noemvriskoto-sivilo (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет) Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче шт...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg