3 романи кои се толку добри што ќе им ги препорачате на сите свои пријатели со добар вкус

Премногу книги, премалку време, многу квантитет, малку квалитет… или не е така? Книгите се корисни, но не секоја може да ја наречеме добра, иако на крајот од денот станува збор за субјективен став и работа на вкус.

3-romani-koi-ke-im-gi-preporacate-na-site-prijateli-01.jpg

Сепак, некои книги се навистина ретки бисери – толку многу добри, што пред вистината, и боговите молчат. Една од нив е „Фати го зајакот“ на младата хрватска авторка Лана Басташиќ. Приказна која ќе ве пренесе во друго место и поинакво време и целосно ќе ве опие, што со денови нема да може да размислувате за ништо друго, освен за комплицираниот однос на Сара и Лана.

Ова се книги кои ќе се сакате да им ги препорачате на сите свои пријатели што имаат добар вкус за читање:

Фати го зајакот – Лана Басташиќ

Приказна за две жени и нивното сложено пријателство. 12 години по нивната последна средба, Сара добива телефонски повик од Лејла, по којшто решава да отиде на патување со автомобил од Мостар во Виена, со цел двете заедно да го најдат Армин, одамна исчезнатиот брат на Лејла. Патувањето ќе се покаже како нешто многу повеќе од обично повторно поврзување на старите училишни другарки: товарот на нивната заедничка приказна на моменти станува претежок.

3-romani-koi-ke-im-gi-preporacate-na-site-prijateli (1).jpg

Закопајте ми го срцето кај ранетото колено – Ди Браун

„Закопајте ми го срцето кај Ранетото колено“ е класичен, панорамски приказ што Ди Браун го дава за систематското уништување на американскиот Индијанец во втората половина од деветнаесеттиот век. Користејќи записници од советите, автобиографии и описи од прва рака, Браун им дозволува на големите старешини и воини на Дакота, Јути, Сијукси, Чејени и на други племиња, со свои зборови да ни раскажат за битките, за масакрите и за прекршените спогодби, за сите загуби што ги претрпеле откако бил „освоен“ американскиот Запад.

3-romani-koi-ke-im-gi-preporacate-na-site-prijateli (2).jpg

Клара и сонцето – Казуо Ишигуро

Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишигуро се нарекува ВП, вештачки пријател – човеколик робот кој родителите им го купуваат на децата за да им овозможат друштво и поддршка. Хранејќи се со сончевите зраци во излогот на продавницата, набљудувајќи ги луѓето и сè повеќе разбирајќи ги нивните чувства, Клара надежно чека некој да ја вдоми.

Во мигот кога 14-годишната Џози решава токму Клара да биде нејзина пријателка, односот меѓу роботот и човекот добива друга димензија, а книгата станува преиспитување на емоциите – што значи да се сака?

3-romani-koi-ke-im-gi-preporacate-na-site-prijateli (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg