Тајните на лидерството и уште 2 книги кои ќе ви помогнат да станете успешни во кариерата

Книгите се богатството на времето. Моќта на лидерството и успешниот менаџмент е алатка плус во градење на успешна кариера и вештини. 

Tajnite-na-liderstvoto-i-uste-3-knigi-koi-ke-vi-pomognat-vo-gradenje-na-vasata-kariera-01.jpg

Моја топла препорака да се вивнете во светот на следниве моќни четива, кои ќе ви го задржат вниманието, а воедно и ќе научите по некоја психолошка лекција.

Тајни на лидерството – Мајкл Хит

Четиво за секој професионалец и експерт во својата област. Како во услови на криза може да добиете успешни резултати, колку самодовербата влијае на вас и вашето делување, како да ги пронајдете целите кон кои се стремите вие, и вашата компанија или организација.

За мотивацијата и менаџирањето на големи тимови и како да се одржи моралот во една средина.

Tajnite-na-liderstvoto-i-uste-3-knigi-koi-ke-vi-pomognat-vo-gradenje-na-vasata-kariera-02.png

Како да станете ефективен лидер? – Дејл Карнеги

Книга за секој менаџер и работодавец кој се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу лидерството и менаџирањето.

Како да ги препознае најподготвените луѓе за во својата компанија? Како да ги мотивира вработените и да се справи со сите негативни страни на менаџирањето и позицијата на лидер?

Оваа книга нуди практични совети и стратегии како да се напредува во својата област и професија.

Tajnite-na-liderstvoto-i-uste-3-knigi-koi-ke-vi-pomognat-vo-gradenje-na-vasata-kariera-04.png

Владетелот – Николо Макијавели 

Во ова безвременско дело е прикажана слика на лидер според тогашната политичка наука и знаење, каде самиот Владетел е замислен како храбар и енергичен, истовремено суров и безобѕирен во борбата за својата цел.

Да направи баланс меѓу скржавоста и раскошот.

„Подобро да се плашат, отколку да го сакаат” е паролата која се провлекува низ целата книга, а алудира на фактот дека хиерархија постоела, и секогаш мора да постои, но никогаш не треба да се дозволи еден владетел да биде омразен од самиот народ.

Tajnite-na-liderstvoto-i-uste-3-knigi-koi-ke-vi-pomognat-vo-gradenje-na-vasata-kariera-05.jpg

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 одлични трилери без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2024 Кои три трилери вреди да ги набавите годинава на Саемот на книга? Издвојуваме тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg