„Надмини се себеси“ и уште три книги кои ќе ве мотивираат да станете подобра личност

Како да се изборите со анксиозноста и да го подобрите менталното здравје. Како да создавате среќни спомени и да ја подобрите комуникацијата со себеси и со другите – овие 4 книги ќе ви помогнат и ќе ве мотивираат да бидете најдобрата верзија од себеси.

nadmini-se-sebesi-i-ushte-tri-dela-koi-kje-vi-pomognat-i-kje-ve-motiviraat-da-stanete-podobra-lichnost-01.jpg

Кога ќе ја сфатите потребата од промени, ќе може полесно да се прилагодите на секоја ситуација. Да се излезе од комфорната зона и да се разбуди новата инспирација.

Неколку предлог книги кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите промените и да ја сфатите природата на нештата во животот.

„Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ - Итан Крос

Психолошка книга која раскажува за нашиот внатрешен глас и ни помага полесно да се избориме во борбата со анксиозноста и менталното здравје. Како да оствариме убави односи со другите луѓе и како да разговараме со себеси, без притоа секогаш да сме мета на критика.

Итан Крос алудира дека впуштањето во негативни разговори со себе влијаат на нашето расположение, ни ги ограничува социјалните дружби и драстично ни ја намалува самодовербата.

Стручна книга која ни дава моќ да го смениме најважниот разговор што го водиме секој ден - оној со себеси.

nadmini-se-sebesi-i-uste-tri-dela-koi-ke-ja-razbudat-vasata-zaspana-inspiracija-08.jpg

„Уметноста на создавање спомени“ - Мајк Викинг

Оваа книга ќе ни помогне ќе ни објасни како да создадеме совршени моменти. Моменти што ќе ги запаметиме засекогаш. Моменти што ќе ја обликуваат нашата личност.

Некои денови не одминуваат без трага, а други остануваат да бидат запомнети засекогаш.

Мајк Викинг нè учи како да создаваме среќни спомени и како полесно да ги задржиме.

nadmini-se-sebesi-i-uste-tri-dela-koi-ke-ja-razbudat-vasata-zaspana-inspiracija-07.jpg

„Не слушате кога ви зборуваат: Што пропуштате да слушнете и зошто е важно тоа“ - Кејт Марфи

Дали слушате вистински кога некој зборува? Кој вас вистински ве слуша? Дали имаме вистински конверзација и комуникација со другите? Со дигиталната технологија вистинските разговори ги нема.

Во оваа духовита книга, авторот Кејт Марфи, темелно истражува и ни објаснува зошто веќе не умееме да се слушаме едни со други, како тоа ни влијае и како можеме да ја повратиме таа умешност.

Веќе дојде времето кога треба да почнеме да слушаме, а да престанеме да зборуваме.  

nadmini-se-sebesi-i-uste-tri-dela-koi-ke-ja-razbudat-vasata-zaspana-inspiracija-06.jpg

„Надмини се себеси“ - Џејмс Ален

„Какви што ти се мислите, таков ти е животот“ – Со секоја мисла патувате низ времето, живеете, привлекувате и може да смените се околу вас.

Доколку сте сосема концентирани на убавините околу вас, ќе може да постигнете се.

Не можете да го избегнете исходот од своите мисли, но, можете да издржите и да верувате. Човекот мисли и неговиот живот се случува!

nadmini-se-sebesi-i-uste-tri-dela-koi-ke-ja-razbudat-vasata-zaspana-inspiracija-05.png

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg