3 трилери што ќе ве држат во неизвесност до последна страница (како да гледате филм)

Девојка која е 12 години во кома на одделот во болницата каде што се чуваат пациенти со трауматски повреди на мозокот раѓа здраво машко дете, по што започнува истрагата – дали оваа жена е феномен или е силувана?

knigi-za-koi-se-zboruva-3-trileri-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-posledna-strana-kako-da-gledate-film-01.jpg

На социјалните мрежи постојат групи каде луѓето што редовно читаат книги споделуваат предлози за изданија што им се допаднале и што сметаат дека треба и другите да ги прочитаат.

Tрилерите се едни од најпопуларните романи меѓу публиката, идеални се за опуштање по брзите и напорни денови, а подеднакво се возбудливи и интересни, па се чувствувате како да гледате добар филм.

Во продолжение за издвојуваме три трилери што ќе ве држат до неизвесност до последната страна и за кои доста се зборува кај нашата читателска публика.

„Без нејзина согласност“  - МекГарви Блек

Овој роман е инспириран од вистинска приказна, а дејствието започнува откако 22-годишната Елајза ќе добие породилни болки и ќе роди здраво машко дете.

Во оваа приказна не би имало ништо необично и возбудливо, ако Елајза не е пациент со трауматска повреда на мозокот која 12 години лежи во кома во болница, по трагична автомобилска несреќа во која ги загубила родителите и сестрата.

По нејзиното породување започнува истрага во која треба да се открие дали девојката е медицински феномен, или пак е силувана. Кој е тој што ја силувал девојката?

knigi-za-koi-se-zboruva-3-trileri-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-posledna-strana-kako-da-gledate-film-02.jpg

„Бесконечен“ – Брајан Фримен

Возбудлив трилер што ќе ве држи во неизвесност до последна страна, а е одличен за сите оние што сакаат трилери што ги поместуваат границите на реалноста.

Дилан Моран знае дека неговата сопруга е мртва, но тој може да зборува со неа. Тој знае дека таа го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи во една дождлива ноќ кога автомобилот излета од патот во реката.

Но, непосредно по несреќата тој почнува да забележува дека има ненадејни, чудни визии: каде и да оди постојано се гледа себеси, така што почнува да се плаши дека го губи паметот.

Во еден миг Дилан случајно ќе наиде на една личност што тврди дека е негов психијатар и дека тој своеволно прифатил еден вид хипнотерапија која е изградена врз основ на секој избор на главниот лик – добар или лош.

knigi-za-koi-se-zboruva-3-trileri-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-posledna-strana-kako-da-gledate-film-03.jpg

„Крвава венчавка“ - Пјер Леметр

Фрнацускиот автор Пјер Леметр е познат по тоа што пишува возбудливи психилошки трилери. Автор е на книгите „Алекс“, „Ирене“, а на македонски јазик е преведен и неговиот хит роман „Крвава венчавка“, кој целосно ќе ве збуни со неочекуваниот крај.

Главен протагонист во романот е младата вдовица Софи која секое утро се буди во солзи, свесна дека има дупки во меморијата и која тешко се справува со сопствените емоции по загубата на сопругот.

Едно кобно утро, под сомнителни околности таа го наоѓа безживотното тело на 6-годишниот Лео за кого таа се грижи, а таа не се сеќава како го убила детето за кое требало да се грижи.

По ова Софи одлучува да побегне и да најде маж што ќе ѝ овозможи нов идентитет – ново презиме што ќе ѝ помогне да се ослободи од црните дупки.

knigi-za-koi-se-zboruva-3-trileri-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-posledna-strana-kako-da-gledate-film-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg