3 книги од легендарниот Харуки Мураками што вреди да ги прочитате

„Прво лице еднина“ е одлична за сите оние што сакаат кратки раскази, „Јужно од границата, западно од сонцето“ е роман за љубовта и пријателството, а „Длабоко во ноќта“ е надреалистичен роман што се одвива во времето од полноќ до утро, односно кога сите спијат. Проследете неколку интересни факти за легендарниот Харуми Мураками и во прилог 3 предлог книги што би требало да ги прочитате.

3-knigi-od-legendarniot-haruki-murakami-shto-vredi-da-gi-prochitate-01.jpg

Харуки Мураками е еден од најпознатите автори во светот. Потекнува од Јапонија, а важи за личност што сака својот приватен живот да го чува подалеку од очите на јавноста.

Неговите романи се речиси секогаш на списокот на најчитани книжевни дела во светот, а авторот што стои зад нив е мошне повлечен и срамежлив човек.

3-knigi-od-legendarniot-haruki-murakami-shto-vredi-da-gi-prochitate-06.jpg

Харуки денес има 74 години, во брак е со Јоко Мураками од 1971-ва година, а тој повеќепати откри дека неговата сопруга е таа што секогаш има чест прва да му ги прочита романите, но и да му каже кога треба да престане да ги доработува.

3-knigi-od-legendarniot-haruki-murakami-shto-vredi-da-gi-prochitate-07_copy.jpg

Во периодот од 1974-та до 1981-ва година Харуки и сопругата имале свој џез бар, а на 29 години, додека бил на бејзбол натпревар, добил инспирација да напише роман.

Тој е самоук преведувач од англиски на јапонски јазик, животна желба му е да го преведе „Големиот Гетсби“ на јапонски јазик, а вели дека не сакал да дозволи неговите први романи да бидат преведени на англиски јазик, затоа што се срамел од нив.

3-knigi-od-legendarniot-haruki-murakami-shto-vredi-da-gi-prochitate-02.jpg

Откако ги освоил сите јапонски книжевни награди Харуки потоа станал познат и меѓу читателите во светот.

Неговите романи се преведени на голем број светски јазици, а вели дека ниту сам не знае колку пари заработил во својата кариера, затоа што неговата сопруга се грижи за финансиите.

Во продолжение 3 книги од маестралниот Мураками што се преведени и на македонски јазик, а вреди да ги прочитате:

„Прво лице еднина“

Станува збор за збирка од осум раскази, раскажани од страна на класичниот наратор на Мураками – осамениот човек кој зборува во прво лице еднина.

Некои од расказите се носталгични навраќања на младоста, други пак се сместени во зрелото доба.

Повремено се јавува и втор раскажувачки глас за кого читателот треба сам да одлучи дали станува збор за фикција или за гласот на Мураками.

3-knigi-od-legendarniot-haruki-murakami-shto-vredi-da-gi-prochitate-03.jpg

„Јужно од границата западно од сонцето“

Оригинално објавен во 1992-ра година, овој роман ја раскажува приказната за пријателството и љубовта.

Хајиме расте во предградие во повоена Јапонија, каде сите освен него имаат браќа и сестри. Негов единствен пријател е Шимамото, која исто така нема браќа и сестри.

Хајиме и семејството се отселуваат и тој целосно губи контакт со пријателката во деството.

Во 30-тите години од животот Хајиме веќе има сопруга и две ќерки и заедно имаат свој џез бар, но неочекувано во неговиот живот повторно се појавува Шишамото, пријателкатата од детството.

3-knigi-od-legendarniot-haruki-murakami-shto-vredi-da-gi-prochitate-04.jpg

„Длабоко во ноќта“

Што се случува во ноќта кога сите спијат? Овој краток роман ве води на ноќна прошетка низ улиците на Токио.

Младата Мари една вечер на улицата запознава еден млад човек кој тврди дека ја познава нејзината постара сестра, по што почнува нивната Одисеја низ заспаниот град.

Во една ноќ, романот ги прикажува животите на оние луѓе што функционираат кога сите други спијат – модели, проститутки, мафијаши и музичари.

Станува збор за надреалистичен роман, во кој се испреплетуваат времето и просторот, сеќавањето и реалноста.

3-knigi-od-legendarniot-haruki-murakami-shto-vredi-da-gi-prochitate-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg