„Лисицата и грозјето“, „Желката и зајакот“, „Северецот и сонцето“ и „Овчарчето и волкот“- овие, и многу други прекрасни басни биле голем дел од детството за многумина од нас. Едукативни, духовити и инспиративни, басните секогаш имаа „морал на приказната“, важни лекции што можат да бидат голем дел од растот. Но никогаш не сфативме дека дури и во 21-от век слушавме исти приказни како децата од класичната антика. И токму тоа ги прави овие басни толку значајни и бесмртни.