Прва песна на Дејан од македонскиот Идол

prva-pesna-na-dejan-od-makedonskiot-idol-povekjeПосле долга пауза од шоуто за таленти Македонски Идол, конечно излезе првиот сингл на еден од финалистите – Дејан Јованов, „Ајде малку да се лажеме“.


Текстот и музиката се дело на Маестро Игор Џамбазов, а аранжманот го работеше Трајко Симоновски Таци, познат меѓу јавноста како басистот од бендот на Тоше. prva-pesna-na-dejan-od-makedonskiot-idol

Покрај авторскиот тим овде се среќаваат повеќе звучни имиња кои гостуваат во оваа песна.

Не може, а да не се забележи придружниот глас на дивата на македонската поп музика Калиопи, која за прв пат се појавува како Back vocal во туѓа песна.

Покрај неа, овде се Златко Михајловски Бумбар на тапани, соло гитара Харе Гуру, исто така членови на бендот на Тоше.

Како втор пратечки вокал Нина од 4play и гитара младиот Александар Таушанов.

Како звучи нешто направено од овие мајстори во својата професија со кои е навистина огромна чест да се работи, може да чуете на видеото подолу. Спотот е во изработка.

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg