Калиопи повторно ќе нè претставува на Евровизија 2016

МРТ и оваа година одлучуваше за претставникот на 61-то издание на Евровизија, по што честа и припадна на Калиопи.

kaliopi-povtorno-ke-ne-pretstavuva-na-evrovizija-2016-01.jpg

Најголемиот меѓународен музички настан ќе се одржи во Шведска, Стокхолм, во мај 2016-та, а на него ќе нè претстави Калиопи.

Ова е вторпат како таа е наш претставник, откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ Македонија влезе во финалето.

Композитор на овогодинешната песна е Ромео Грил.

Крајниот резултат од соработката со Калиопи ќе имаме можност да го слушнеме во февруари идната година.

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg