Писма од читатели: Тоше СИТЕ ТЕ САКАМЕ!

tose-pesna-citateli_smallНема крај на нашиот голем Тоше; не постои заборав на неговиот лик и се она што тој претставуваше за секој од нас. Објавуваме преубава песна... 

 

...напишана од Билјана од Србија, преведена на македонски од Наташа од Штип...

 

"НЕ ТАГУВАЈ, МОРАВ ДА ОДАМ"
 
Не  тагувај, морав да одам,
немој да се грижиш...
Понесов се што ми требаше за пат,
сите предгратки на мајка ми,
мудрите зборови на  татко ми,
сите денови од детството  
што со сестра ми го поделив,
сите драга лица,
милион детски насмевки,
едно снежно зимско утро,
една блага топла летна вечер  во мојот двор.

Парче најубаво небо,
над мојата родна кука,
бокал ладна вода од бистриот планински поток...
една бела ружа,
еден црвен божур,
гранче босилок.

Зборови од една молитва,
едвај чујно изговорени
во тишината на една соба за тага.

И во душата бескраен мир,
пронајден зад древните СВЕТИ ЗИДОВИ...
А оставив се што можам...
И кога во мигот на бескрајна,болна осаменост...
помислиш дека веке... никој на светот немаш,
Подигни го тешкиот и уморен поглед...кон сивото небо...
ќе видеш еден упорен СОНЧЕВ ЗРАК...
што го разбива сивилото...

Тоа ЈАС,
одмарајки се од патот,
ти се јавувам да ти кажам...
не гржи се - јас безбедно стигнав...

 

Благодарност и до Мирјана Букиќ
Бања Лука

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg