Која е Џун Алмеида – жената која го открила корона вирусот?

Џун Алмеида била родена во Глазгов во 1930-та година. Таа била одлична ученичка која сонувала да се запише на факултет, но нејзиното семејство немало пари.

koja-e-dzhun-almeida-zhenata-koja-go-otkrila-korona-virusot-001.jpg

На 16 години почнала да работи како лабораториски техничар во болница во Глазгов, а задачата ѝ била да помага при микроскопската анализа на крв.

Подоцна се преселила во Лондон, каде што имала слична работна позиција, а овде го запознала и нејзиниот сопруг – Енрике (Хенри) Алмеида.

По некое време, парот се преселил во Канада, каде што Џун почнала да работи со електронски микроскоп. Токму овде таа развила нова техника за микроскопско набљудување, но и објавувала трудови за вируси кои претходно биле невидливи.

Техниката на Џун иако едноставна, била револуционерна во областа на вирологијата – со неа лекарите можеле да ги користат електронските микроскопи за да дијагностицираат вирусни инфекции.

На овој начин Џун идентификувала многу вируси, вклучувајќи го и рубеола.

koja-e-dzun-almeida-zhenata-koja-go-otkrila-korona-virusot-02.jpg

Поради искуството, Џун била повикана повторно да се врати во Лондон и го направила тоа.

Таа работела во болницата Свети Томас, каде што во 1964-та година ја контактирал доктор Дејвид Тирел. Тимот на Дејвид открил вирус сличен на грип, кој го нарекле В814, но им било тешко да ги обработат неговите податоци во лабораторија. По некое време почнале да се сомневаат дека В814 е сосема нов вирус.

Овде на сцената истапува Џун – Дејвид се надевал дека таа и нејзината нова техника ќе им помогнат да го идентификуваат вирусот.

Дејвид немал високи очекувања, но Џун го изненадила. Таа не само што направила јасна слика од вирусот, туку се сетила дека порано сретнала два слични вируси – еднаш кај пациент со бронхитис, а еднаш кај глушец со воспаление на белите дробови.

koja-e-dzun-almeida-zhenata-koja-go-otkrila-korona-virusot-03.jpg

Со сите добиени информации, Џун се уверила дека сепак станува збор за нова група вируси.

Кога дошло време да ја именуваат групата вируси, Џун и Дејв, инспирирани од структурата на вирусот, решиле да ја крстат корона (corona). Овој латински збор значи круна и се однесува на формата на вирусот.

Во 1985-та Џун престанала да работи во својата област и станала инструкторка по јога.

Интересно е што таа помогнала и во добивањето на првата висококвалитетна слика од ХИВ вирусот.

Џун почина во 2007-ма, на возраст од 77 години, но нејзиното наследство ќе се памети долго. Научниците до денес ги користат нејзините методи за идентификување вируси, а сегашната пандемија само нè потсети на нејзиниот неверојатен труд.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg