Зошто настанува поларната ноќ и како луѓето преживуваат неколку месеци без Сонце?

Поларната ноќ е феномен каде што ноќта трае повеќе од 24 часа и се појавува на најсеверните и најјужните делови од Земјата. Спротивно на поларната ноќ е поларниот ден (познат и како полноќно сонце) – феномен каде што денот трае повеќе од 24 часа.

zoshto-nastanuva-polarnata-nokj-i-kako-lugjeto-prezhivuvaat-nekolku-meseci-bez-sonce-01 (2).jpg

Овие феномени се појавуваат на Јужниот и Северниот Поларен Круг. Јужниот Поларен Круг е всушност Антарктикот кој е ненаселен, додека во областа на Северниот Поларен Круг припаѓаат дел од териториите на неколку држави.

Ова значи дека луѓето кои живеат таму се соочуваат со поларна ноќ и поларен ден.

Феномените настануваат поради накривеноста на Земјата во однос на нејзината орбита околу Сонцето. Оската на Земјата е накривена за 23,4 степени.

Од илустрацијата подолу и самите ќе забележите дека со оваа накривеност, во еден период од годината едниот од половите е изложен на сончева светлина, а другиот скриен. Во друг период од годината е обратно.

zoshto-nastanuva-polarnata-nokj-i-kako-lugjeto-prezhivuvaat-nekolku-meseci-bez-sonce-02.jpg

Поларната ноќ се случува во зима и значи дека сонцето не се појавува на хоризонтот, но бидејќи атмосферата ги прекршува сончевите зраци, може да се забележи мала светлина. Ова е познато како поларен самрак и повеќето населени места во Северниот Поларен Круг всушност се соочуваат со ова.

Постојат уште три видови поларна ноќ, во зависност од тоа колку од прекршените зраци се забележуваат на небото – најтемна поларна ноќ, морнарска поларна ноќ и астрономска поларна ноќ.

zoshto-nastanuva-polarnata-nokj-i-kako-lugjeto-prezhivuvaat-nekolku-meseci-bez-sonce-03.JPG

За време на поларен ден, кој се јавува во лето, Сонцето може да се гледа цели 24 часа, некогаш покрај хоризонтот, а некогаш повисоко на небото.

zoshto-nastanuva-polarnata-nokj-i-kako-lugjeto-prezhivuvaat-nekolku-meseci-bez-sonce-04.JPG

Како што напоменавме Јужниот Поларен Kруг е ненаселен, но во границите на Северниот Поларен Kруг влегуваат неколку држави – делови од Канада, Финска, Норвешка, Русија, Шведска, Алјаска и Исланд.

Во просек, поларната ноќ и поларниот ден траат околу 30 денови, но постојат места каде што феноменот трае и по неколку месеци.

На Шпицбершките Острови во Норвешка, кои се сметаат за најсеверната населена област во Европа, Сонцето изгрева околу 19 април, а заоѓа дури на 23 август. Ноќта, пак, може да трае од 11 ноември до 30 јануари.

zoshto-nastanuva-polarnata-nokj-i-kako-lugjeto-prezhivuvaat-nekolku-meseci-bez-sonce-05.JPG

Во Алерт – најсеверното населено место во Канада – поларната ноќ трае од крајот на ноември до средината на јануари. Полноќното Сонце обично се јавува од 7 април до 4 септември.

Во Северниот Поларен Круг се наоѓа и дел од територијата на Финска, а во најсеверните делови на државата Сонцето не заоѓа и по 60 денови во текот на летото.

На самите полови, пак, Сонцето изгрева и заоѓа само еднаш годишно. Значи, овде буквално денот и ноќта траат по 6 месеци.

zoshto-nastanuva-polarnata-nokj-i-kako-lugjeto-prezhivuvaat-nekolku-meseci-bez-sonce-06.JPG

Додека поларниот ден не предизвикува многу проблеми за луѓето, поларната ноќ може да биде вистински предизвик.

Поради недостатокот од сончева светлина во периодот од неколку недели, па и месеци, над 40% од луѓето кои живеат во Северниот Поларен Круг чувствуваат последици.

zoshto-nastanuva-polarnata-nokj-i-kako-lugjeto-prezhivuvaat-nekolku-meseci-bez-sonce-08.JPG

Поларната ноќ го нарушува квалитетот на сонот, ја зголемува желбата за блага храна и ја намалува физичката активност.

Покрај тоа, може да се јави и дефицит на витамин Д бидејќи сончевата светлина има улога во неговата апсорпција во телото.

Поради ова, многумина почнуваат да користат додатоци во исхраната со витамин Д месец-два пред поларна ноќ за да ги намалат негативните ефекти.

Недостатокот од светлина го влошува и расположението, па многу луѓе се соочуваат и со депресија во овој период. Но, денес постојат специјални ламби за терапија со светлина кои колку-толку ги ублажуваат ефектите.

zoshto-nastanuva-polarnata-nokj-i-kako-lugjeto-prezhivuvaat-nekolku-meseci-bez-sonce-09.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg