Партнерот ја сече папочната врвца, таа плаче: Џеси Џеј со брутално искрено видео од породувањето со царски рез

Еден месец откако стана мајка, Џеси Џеј сподели емотивно видео од породувањето со царски рез. Во видеото пејачката цврсто го држи партнерот за рака, плаче, а се гледа и мигот кога тој му ја сече папочната врвца на синот.

dzhesi-dzhej-so-emotivno-video-od-poroduvanjeto-so-carski-rez-plache-partnerot-ja-seche-papochnata-vrvka-01.jpg

Неодамна Џеси Џеј го доби првото дете – синот Бен Шели.

По повод еден месец од неговото раѓање, 35-годишната пејачка сподели емотивно видео од породувањето и првите денови со синчето.

dzhesi-dzhej-so-emotivno-video-od-poroduvanjeto-so-carski-rez-plache-partnerot-ja-seche-papochnata-vrvka-03.jpg

Пејачката се породи со царски рез, а во видеото има инсерти од мигот додека ѝ ја прават операцијата.

Џеси цврсто ја држи раката на партнерот Чанан, а во еден миг и плаче.

dzhesi-dzhej-so-emotivno-video-od-poroduvanjeto-so-carski-rez-plache-partnerot-ja-seche-papochnata-vrvka-04.jpg

dzhesi-dzhej-so-emotivno-video-od-poroduvanjeto-so-carski-rez-plache-partnerot-ja-seche-papochnata-vrvka-05.jpg

На видеото се гледа и како пејачката првпат го прегрнува своето дете, како и моментот кога нејзиниот партнер ја сече папочната врвца.

dzhesi-dzhej-so-emotivno-video-od-poroduvanjeto-so-carski-rez-plache-partnerot-ja-seche-papochnata-vrvka-07.jpg

„Утре ќе наполниш еден месец. Породувањето беше како најдолгиот и најубавиот ден од мојот живот. Мама и тато те сакаат повеќе од сè на светот мало момче.

И, ако сте го следеле моето патување, честопати сте ја делеле болката со мене. Ве молам сега придружете ми се во споделувањето на среќата“, стои во описот.

И партнерот Чанан го прослави првиот месец на синчето, со црно-бела фотка.

„Утре мојот млад крал полни еден месец. И иако моите очекувања беа високи, ти си сè што посакував и повеќе. Откако се роди, работењето, храната и спиењето ми се чинат потполно неважни…

До крајот на мојот живот ќе те штитам, ќе ти кажувам што е погрешно, а што правилно, ќе те водам кога ќе ти треба, ќе ти помагам со домашната...

Ќе те поддржувам во подемите, падовите и сè помеѓу и, секако, ќе те сакам безусловно“.

Повеќе фотки и видеа од Џеси:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...
Не дозволува стјуардеси во авионите, го контролира што јаде, па тој се крие со бургери – Како Џеј Ло... Џеј Ло има строги правила за Бен. Тој не смее да претерува со крофните и бургери...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Џеј Ло откри зошто ѝ требале 17 години за да му даде втора шанса на Бен: „Се заколнав дека ќе остана... По големиот број пропаднати врски, Џеј Ло вели дека планирала засекогаш да остан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg