Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби

Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна да го издаде првиот албум и заедно важеа за еден од најмоќните парови во музичката индустрија – Зошто раскинаа Џенифер Лопез и Пи Диди?

ja-uapsija-zaedno-so-nego-ischeznuval-pa-go-barala-po-hotelski-sobi-zoshto-raskinaa-djej-lo-i-pi-didi-01.jpg

Пред воопшто да ја започне врската со Бен Афлек на почетокот на 2000-тите години, Џеј Ло (54) беше во врска со музичкиот продуцент и рапер Шoн Комбс (54), кој тогаш на јавноста ѝ беше познат како Паф Деди или Пи Диди.

Лопез прво успеа да се пробие во Холивуд во 1997-ма година, благодарение на улогите во филмовите Selena, Out of Sight, Anaconda и U Turn, а 2 години подоцна го објави и својот прв музички албум On the 6.

ja-uapsija-zaedno-so-nego-ischeznuval-pa-go-barala-po-hotelski-sobi-zoshto-raskinaa-djej-lo-i-pi-didi-02.jpg

Во тоа време Пи Диди веќе беше познат и признаен рапер со своја успешна музичка и продуцентска кариера, а двајцата набрзо по запознавањето почнаа и романтична врска, која постојано привлекуваше внимание во медиумите.

И двајцата потекнуваат од Бронкс, на иста возраст се, па велеа дека тоа им помогнало брзо да се зближат. Џеј Ло во 1997-ма година за првпат се појави во спотот на Пи Диди, Been Around the World, а две години подоцна раперот беше и продуцент на нејзиниот прв студиски албум.

Според дел од медиумите, нивната врска започнала откако тие двајца работеле заедно на нејзината песна If You Had My Love, а во едно од претходните интервјуа раперот велеше дека за него тоа било љубов на прв поглед.

Во 1999-та година тие двајца важеа за еден од најмоќните парови во музичката индустрија, а двајцата беа уапсени по еден инцидент што се случи во клуб во Њујорк.

ja-uapsija-zaedno-so-nego-ischeznuval-pa-go-barala-po-hotelski-sobi-zoshto-raskinaa-djej-lo-i-pi-didi-04.jpg

Наводно, парот се забавувал и се дружел со фанови, сѐ додека раперот не влегол во вербална расправија со непознат маж. По ова, Пи Диди за да покаже колку е моќен, им платил на вработените во обезбедување да се вмешаат во инцидентот.

Во целата бркотница, еден од раперите на продуцентската куќа на Пи Диди пукнал со пиштол и повредил 3 лица во клубот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg