Има милиони, а води скромен живот – Каде е и што прави денес актерот што го играше Хари Потер?
- Детали
- недела, 17 септември 2023
Книгите му се најголем „порок“, а милионите што ги заработи во Harry Potter ги инвестираше и ги донираше. Каде е денес и што прави Даниел Редклиф, слаткото момче што ја толкуваше улогата на Хари Потер? Стана дете-ѕвезда, но никогаш не тргна по лош пат поради парите и славата, како колегата Меколи Калкин на пример, но и многу други.
Многумина го помнат како слаткото момче што ја толкуваше улогата на Хари Потер и кое буквално порасна на филмското платно, но Даниел Редклиф израсна во скромен маж кој признава дека не знае да биде богат.
И покрај милионите на својата сметка, тој се обидува да живее скромно, а милионите мудро ги инвестира за да ги оствари своите цели и планови.
За разлика од голем број деца-ѕвезди кои поради огромната слава и богатство што го стекнаа додека играле улоги во мега популарни филмови, како ѕвездите на Home Alone, Меколи Калкин, или ѕвездата на Terminator 2, Едвард Фурлонг коишто се познати по борбата со зависности и скандалите, Даниел Редклиф денес е скромен маж кој успеа да изгради плодна филмска кариера.
На својата сметка, Даниел има околу 110 милиони долари, а по завршувањето на улогата во Harry Potter продолжи да игра во филмови и телевизиски шоуа, но инвестира и заработува од продажба на недвижности.
Тој во една пригода изјави дека до свои 19 години воопшто не знаел колку е богат.
„Ми платија толку добро за улогата во Harry Potter и тоа е смешно. Ако некој ме прашаше: ‘Дали веруваш дека ги заслужуваш тие пари?’, ќе му одговорев: ‘Не, никако’, но секако ги земав.
Успеав да се пронајдам во индустријата каде луѓето земаат вртоглави суми пари. Тоа е реалноста. Речиси се чувствувам виновен за добрата заработка од филмот“ – рече тој.
За да се ослободи од чувството на вина, Даниел донира големи суми во хуманитарни цели. Тој е потпретседател на организацијата Demelza организација што им помага на децата на кои не може да им се помогне, а тој вели дека ова е организација што му е мошне блиска до срцето.
Исто така, тој инвестира во старт-ап бизниси од областа на технологијата, кои му носат поголема заработка и придонесуваат да се зголемат нулите на неговата банкарска сметка.
Додека играше на Бродвеј во 2008-ма година тој купи луксузен стан во Њујорк по цена од 4,8 милиони долари, а неколку месеци подоцна го продаде за цена од 5,3 милиони. Се верува дека ова го натерало да потроши 16,5 милиони за да купи станови кои ги издава или планира да ги продаде.
Во 2012-та година тој основа своја продукциска куќа Kill Your Darlings која досега продуцирала повеќе филмови: The Woman in Black, Horns, What If и Swiss Army Man.
Даниел често патува, па така познато е дека во минатото престојуваше подолго време во Аргентина со цел да го научи јазикот, а исто така со девојка му Ерин Дрејк, со која се заедно од 2012-та година, патуваа заедно во Јапонија, Австралија и Јужна Африка, а видеата од патувањата ги објавуваа на социјалните мрежи.
Во една пригода го прашаа на што троши најмногу пари, а тој рече дека единствено кога ќе се најде во книжарница не внимава колку пари ќе потроши. Веруваме дека овој негов „порок“ сигурно нема брзо да го доведе до банкрот.
Б. С. Б. | Црнобело