„Гените се чудо“ - Згодниот син на Шварценегер, кој го доби со куќната помошничка, наполни 26 години и е негова копија

По повод 26-тиот роденден, синот на Шварценегер кој актерот го доби од аферата со куќна помошничка – Џозеф Баена – сподели видео на коешто трча на плажа. Со мускулестото тело и насмевката, младиот бодибилдер премногу потсетува на татко му во младоста.

zgodniot-sin-na-shvarceneger-od-kukjnata-pomoshnichka-napolni-26-so-muskulestoto-telo-i-nasmevkata-e-kopija-na-tatko-mu-foto-01.jpg

Џозеф Баена – синот којшто Арнолд Шварценегер го доби од афера со неговата куќна помошничка – наполни 26 години.

Младиот бодибилдер, по повод роденденот на 2-ри октомври, сподели видео на Инстаграм со кое покажа дека е вистинска копија на татко му.

На видеото, Џозеф носи минијатурен костим за капење и трча на плажа, а во описот на шега вели:

„Трчам кон моите доцни 20-ти“.

View this post on Instagram

A post shared by Joseph Baena (@joebaena)

Со мускулестото тело, но и широката насмевка, Џозеф премногу наликува на татко му во младоста, а тоа го тврдат и неговите фанови во коментари на објавата.

„Почнува да личи на Арнолд во неговата златна ера“.

„Интересно е што ја следам твојата трансформација. Имаш речиси исто тело како татко ти“.

„Драго ми што ги гледам гените на Арнолд во неговиот син“.

Претходно, со неколку фотки и видеа, Џозеф откри дека видеото е направено додека се натпреварувал во триатлон.

„Денес го завршив мојот прв триатлон. Беше прекрасно искуство да се натпреварувам со толку неверојатни атлети. Како што ми наближува роденденот, сакав да се предизвикам на нов начин.

Мислам дека завршив добра работа и горд сум на себе. Искрено верувам дека ако имаш мускули, треба да ги користиш!“

За потсетување, Арнолд Шварценегер го доби Џозеф со неговата куќна помошничка Милдред Баена.

Поради аферата, актерот се разведе од тогашната сопруга Марија Шривер, а повеќе од една деценија го криеше вонбрачниот син од јавноста.

Денес Арнолд и Џозеф се во одлични односи. Истовремено, актерот не ја крие гордоста што ја чувствува кон синот кој тргна по неговите стапки.

Повеќе фотки од Џозеф на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Разговарав со татко ми кој е починат, како сфатив дека не е измама?“ - Ким Кардашијан со необична и... „Кој би можел да знае такво нешто? За тоа не сме зборувале во шоуто. Тоа никогаш...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg