Тажни детали од животот на Еминем: Речиси умре од предозирање со дрога, мајка му го малтретирала

Во дел од неговите песни, Еминем вели дека мајка му е виновна за неговата зависност од дрога која кулминира во 2007-ма, кога тој речиси го изгуби животот од предозирање. По разводот со бившата, пак, Еминем напиша песна во која вели дека фантазира како ја убива. Поради ова, таа пробала да изврши самоубиство…

tazhni-detali-od-zhivotot-na-eminem-rechisi-umre-od-predoziranje-so-droga-majka-mu-go-maltretirala-01.jpg

Без разлика на вашата возраст, но и вашиот вкус за музика, сигурни сме дека знаете кој е Еминем.

Тој важи за еден од најдобрите рапери, а покрај талентот, се истакнуваше и со фактот дека тој е еден од ретките бели луѓе кои успеале во жанр каде што доминираат Афроамериканци.

Еминем има армија фанови до денес, но и покрај огромниот успех, доволно е да обрнете внимание на некои од неговите стихови за да сфатите дека имал мошне тежок живот.

Тажни детали од животот на Еминем:

Имал тешко детство

Бидејќи со мајка му често се селеле, се случувало Еминем да промени училиште и по трипати годишно

Поради ова, никогаш немал можност да се вклопи, па станал лесна мета на насилниците.

„Ме тепаа во тоалети, во ходници, ме буткаа во шкафчињата. Најголемиот дел од времето, само затоа што јас бев новото дете во училиштето“, изјави раперот во интервју.

Еден период, кога имал 9 години, насилството било толку сериозно, што мајка му го тужела училиштето бидејќи не успеало да му понуди заштита на Еминем.

Имено, раперот бил толку истепан, што го хоспитализирале.

Во песната Brain Damage, Еминем се присетува на нападот, па дури и го именува напаѓачот.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-eminem-rechisi-umre-od-predoziranje-so-droga-majka-mu-go-maltretirala-02.jpg

Доби тужба од мајка му

Во многу песни, Еминем отворено зборува за односот со мајка му и оди дотаму што тврди дека била зависна од лекарства, како и дека го малтретирала.

Поради ова, во 1999 година, таа го тужеше и бараше оштета од 10 милиони долари.

На крај, таа доби само 25.000 долари, а раперот продолжи да ја „оцрнува“ во неговите песни.

Еднаш дури и ја обвини дека таа е виновна за неговата зависност од дрога - наводно му подметнувала лекови во храната додека бил дете.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-eminem-rechisi-umre-od-predoziranje-so-droga-majka-mu-go-maltretirala-03.jpg

Пораснал без татко

Според мајката на Еминем, таа и раперот избегале од неговиот татко – Маршал Брус – кога тој имал само две години. Наводно, татко му бил насилен.

Еминем немал никаков контакт со татко му, но пробувал да му пишува писма. Мајка му има изјавено дека овие писма секогаш биле враќани назад без да бидат отворени.

Подоцна мајката на раперот изјави дека штом Еминем се прославил, татко му почнал да пробува да стапи во контакт со него.

Тој дури напиша и писмо до него објавено во британски таблоид, во коешто тврдеше дека мајка му му ја наполнила главата со лаги.

Но, раперот не му поверува и никогаш не го подобриле односот.

Денес татко му е починат.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-eminem-rechisi-umre-od-predoziranje-so-droga-majka-mu-go-maltretirala-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg