Берлин во приватен живот е лудо вљубен во Србинка - Факти за актерот од новата хит серија на Нетфликс

Долго време го криеше својот приватен живот, а на прв поглед се вљубил во убавата Србинка Татјана Ѓорѓевиќ, која се занимава со терапии со хипноза. Што знаеме за Педро Алонсо кој ја толкува улогата на Берлин во La Casa De Papel и Berlin на Нетфликс?

kriel-deka-e-vo-vrska-so-srbinka-veruva-vo-shamanizam-fakti-za-pedro-alonso-akterot-shto-go-tolkuva-berlin-01.jpg

Актерот Педро Алонсо (52) публиката имаше можност да го запознае во хит серијата La Casa De Papel, а сега повторно е актуелен заради хит-серијата на Нетфликс, посветена на ликот што тој го толкуваше претходно – Berlin.

Важи за еден од омилените ликови и во претходната серија, а сега со Berlin повторно успева да ги освои срцата на голем број други гледачи низ светот и да стекне голем број фанови не само во родната Шпанија, туку и во целиот свет.

Што знаеме за актерот кој маестрално ја толкува улогата и во двете серии?

Актерот е роден како Педро Гонзалез Алонсо во Галиција во Шпанија. Тој е роден во 1971-ва година, а во Галиција ги завршил основното и средното образование.

Се преселил во Мадрид за да учи на вишата школа за драмски уметности, каде дипломирал во 1992-ра година, а освен тоа изучувал танц и следел голем број други курсеви за глума. Освен што глуми, тој сака и да слика и да пишува.

kriel-deka-e-vo-vrska-so-srbinka-veruva-vo-shamanizam-fakti-za-pedro-alonso-akterot-shto-go-tolkuva-berlin-02.jpg

Пред да се прослави со улогата во La Casa De Papel, во родната Шпанија тој бил познат заради улогата во историската драма Gran Hotel.

kriel-deka-e-vo-vrska-so-srbinka-veruva-vo-shamanizam-fakti-za-pedro-alonso-akterot-shto-go-tolkuva-berlin-07.jpg

За улогата Берлин, тој во една пригода призна дека воопшто не му се допаѓал ликот што го игра, барем на почетокот.

„Тој има лоши намери, неговите морали се подвоени и речиси секогаш повеќе е наклонет кон темната страна“ – рече Педро, но и покрај сè јасно е дека оваа улога му донесе голема слава, па заради тоа одлучил повторно да се појави во истата улога.

kriel-deka-e-vo-vrska-so-srbinka-veruva-vo-shamanizam-fakti-za-pedro-alonso-akterot-shto-go-tolkuva-berlin-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg