Внукот на Мајкл Џексон е копија на својот славен вујко: Го глуми на филм, ги имитира движењата на пејачот

„Мајкл и Џафар не се само физички слични еден на друг, туку имаат ист став, енергија, движењата им се исти... Не постои некој што подобро може да го долови Мајкл од неговиот внук“, велат продуцентите на биографскиот филм за Мајкл Џексон, кој ќе има премиера во 2025-та.

vnukot-na-majkl-djekson-e-kopija-na-svojot-slaven-vujko-go-glumi-na-film-gi-imitira-dvizhenjata-na-pejachot-01.jpg

Во САД е во тек снимањето на биографскиот филм Michael за кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, а главната улога ја игра неговиот внук, Џафар Џексон.

Во јавноста веќе се појавија неколку фотографии од филмот и коментарите се дека Џафар е копија на својот славен вујко - од физичкиот изглед, до движењата кои тој целосно ги имитира во филмот.

vnukot-na-majkl-djekson-e-kopija-na-svojot-slaven-vujko-go-glumi-na-film-gi-imitira-dvizhenjata-na-pejachot-04.jpg

„Патувањето започна“ - стои на официјалниот Твитер профил посветен на Мајкл Џексон, на кој беше објавена првата фотка.

„Мајкл и Џафар не се само физички слични еден на друг, туку имаат ист став, енергија, движењата им се исти... Не постои некој што подобро може да го долови Мајкл од неговиот внук“, велат продуцентите на филмот.

vnukot-na-majkl-djekson-e-kopija-na-svojot-slaven-vujko-go-glumi-na-film-gi-imitira-dvizhenjata-na-pejachot-02.jpg

Џафар на својот Инстаграм профил има само две фотографии, споделени во јануари 2023, кога почна продукцијата на филмот, па многумина на прво гледање не беа сигурни дали го гледаат Џафар или се тоа стари фотографии од Мајкл, бидејќи се идентични.

„Почестен сум што ќе ја оживеам приказната за мојот вујко Мајкл. Се гледаме наскоро“, стои во описот на фотографијата.

Биографскиот филм ќе ја раскаже приказната за четири-децениската кариера на Мајкл, од времето на Jackson 5, преку деновите на најголемата слава, па сè до неговите последни снимени песни.

Џексон почина на 50-годишна возраст во 2009 година, од случајна предозираност од препишани лекови.

Филмот, чие снимање е во тек, ќе ја има својата премиера на 18 април 2025.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
„Се плаши дека нема да ја дочекам нејзината свадба“ – Мајкл Даглас за ќерката Карис, која блесна во... „Ќерка ми ми вели дека се плаши дека нема да бидам тука кога ќе се омажи, а мене...
Живееле како цимери, а таа била тајно вљубена во него – Кој е сопругот на Марго Роби, со кого заедно... Биле бизнис партнери кои заедно отвориле своја продукциска куќа, а 9 години подо...
Фото споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите дами во профил? Сте виделе ли како изгледаат Блејк Лајвли и Бела Хадид во профил? Сте виделе ...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
8 холивудски скандали што сигурно сте ги заборавиле Скиентолошкото видео на Том Круз кое протече онлајн, но и судењето на Мајкл Џекс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg