Скандалите на семејството на Мајли Сајрус: Татко ѝ има 27 години помлада девојка

Мајката на Мајли, Тиш, е во брак со актерот Доминик Пурсел. Но, според некои извори, таа буквално ѝ го украла на нејзината помала ќерка, односно сестрата на Мајли…

tatko-ima-27-godini-pomlada-devojka-najgolemite-skandali-na-semejstvoto-na-majli-sajrus-01.jpg

Мајли Сајрус важи за една од поконтроверзните пејачки, но се чини дека во споредба со нејзиното семејство, таа е ангел.

Низ годините, пејачката беше критикувана за разголените изданија, недоличното однесување и провокативните настапи на концерти што ги посетуваа и малолетници.

Сепак, изгледа целото семејство на младата пејачка го следат скандали.

Родителите на Мајли – Били Реј и Тиш – беа во брак од 1993 до 2022 година. Заедно ја добија Мајли, како и нејзината сестра Ноа и брат ѝ Брајсон.

Тиш има две деца од претходен брак, а Били Реј ги посвоил кратко по венчавката.

Дел од скандалите на семејството Сајрус низ годините:

Мајли танцуваше на шипка на 17 години

Во 2009 година, Мајли Сајрус настапи на доделувањето на Teen Choice Awards со песната Party in the U.S.A.

Младата пејачка тогаш имаше само 17 години, но тоа не ја спречи во настапот да вметне танц на шипка.

Нормално, пејачката, но и нејзините родители се соочија со многу критики.

tatko-ima-27-godini-pomlada-devojka-najgolemite-skandali-na-semejstvoto-na-majli-sajrus-02.jpg

Во 2023-та, Мајли се огласи за контроверзниот настап обидувајќи се да се одбрани.

Таа изјави дека се држела за шипката бидејќи носела штикли и воопшто не танцувала на неа.

tatko-ima-27-godini-pomlada-devojka-najgolemite-skandali-na-semejstvoto-na-majli-sajrus-03.jpg

Бројните барања за развод на Били Реј и Тиш

Во 30-те години додека беа заедно, Били Реј и Тиш имаа бројни подеми и падови.

Притоа, и двајцата неколкупати поднесоа барање за развод, но секојпат успеваа да ги решат проблемите.

Сепак, во 2022-ра, Тиш поднесе барање за развод за последен пат и тогаш навистина се разделија.

tatko-ima-27-godini-pomlada-devojka-najgolemite-skandali-na-semejstvoto-na-majli-sajrus-04.jpg

„По 30 години, пет прекрасни деца и многу сеќавања, одлучивме да се разделиме – не со тага, туку со љубов во нашите срца.

Заедно пораснавме, изгледавме семејство на кое сме горди и сега е време да тргнеме по свои патишта“, изјави парот кога ја најави разделбата.

tatko-ima-27-godini-pomlada-devojka-najgolemite-skandali-na-semejstvoto-na-majli-sajrus-05.jpg

Бурната врска на Мајли и Лиам Хемсворт

Мајли и Лиам ја почнаа врската во 2010-та, откако заедно глумеа во филмот The Last Song.

Се верија во 2012-та, но следната година се разделија.

Сепак, во 2016-та открија дека повторно се заедно, а се венчаа две години подоцна.

Само осум месеци по венчавката, парот се раздели, а Мајли беше обвинета дека го изневерувала, а таа ги негираше гласините.

tatko-ima-27-godini-pomlada-devojka-najgolemite-skandali-na-semejstvoto-na-majli-sajrus-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg