Долго време живееше како номад, купува само практични автомобили – Како Рики Мартин ги троши милионите?

Купува и препродава имоти за заработка, има свој приватен остров и авион, но не се опседнува со луксузни автомобили – Како Рики Мартин ги троши милионите заработени од неговата 40-годишна кариера?

dolgo-vreme-zhiveeshe-kako-nomad-kupuva-samo-praktichni-avtomobili-kako-riki-martin-gi-troshi-milionite-01.jpg

Рики Мартин гордо ја носи титулата „крал на латино поп музиката“, а благодарение на неговата плодна кариера, се проценува дека денес има богатство од околу 130 милиони долари.

Неговата кариера започнала од 1984-та година, а до денес големиот број хитови, настапи и албуми му донеле само повеќе нули на сметката.

Како голем број познати ѕвезди, тој е познат по тоа што ги инвестира своите пари, но и може да живее удобен живот на висока нога.

Тој има 4 деца - синови близнаци што ги доби од сурогат мајка и две деца што ги доби од бракот со Џуан Џозеф. 

Како ги троши милионите Рики Мартин?

Пред да стапи во брак со својот сопруг Џуан Џозеф, Рики живееше номадски начин на живот и често се селеше од град во град.

Така, прво имаше палата во Беверли Хилс која ја продаде во 2006-та година за 15 милиони долари, потоа купи стан во Њујорк за 6 милиони долари, а го продаде за 8,4 милиони и уште еден стан во Њујорк кој го продаде за 7,55 милиони долари.

Исто така, имаше и палата во Мајами која ја купи за 10 милиони долари, а ја продаде за 16,9 милиони.

dolgo-vreme-zhiveeshe-kako-nomad-kupuva-samo-praktichni-avtomobili-kako-riki-martin-gi-troshi-milionite-10.jpg

Во 2016-та година тој купи палата во Беверли Хилс за која потроши 13,5 милиони долари, која важеше за еден од најскапите имоти што некогаш ги купил. Палатата има седум спални соби, 8 тоалети и посебен простор каде што се изложени сите негови Греми награди.

dolgo-vreme-zhiveeshe-kako-nomad-kupuva-samo-praktichni-avtomobili-kako-riki-martin-gi-troshi-milionite-06.jpg

Освен во САД, Рики има уште една палата во родното Порторико, која не ја покажува толку често, но од видеата што ги објавува неговиот син, може да се види дека и таму, воопшто не се штедело на уредување.

dolgo-vreme-zhiveeshe-kako-nomad-kupuva-samo-praktichni-avtomobili-kako-riki-martin-gi-troshi-milionite-11.jpg

Освен на скапите палати, Рики платил околу 8 милиони за својот приватен остров кој се наоѓа во близина на Бразил, каде пејачот може да побегне со семејството во деновите кога му е потребна приватност.

dolgo-vreme-zhiveeshe-kako-nomad-kupuva-samo-praktichni-avtomobili-kako-riki-martin-gi-troshi-milionite-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
„Сега само сакам да се забавувам“ – Рики Мартин се огласи по разводот + факти за неговиот пропаднат ... „Бев 7 или 8 години со Џуан. Сега само сакам да се забавувам. Сакам да уживам во...
Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе до... Богатството на Бритни Спирс „тежи“ околу 60 милиони долари, а нејзиниот прв сопр...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
Барала милионски хонорар за чување деца – Зошто Ванеса Брајант е во лоши односи со мајка ѝ по смртта... „Таа ме контактираше преку адвокати и ми побара 5 милиони долари, куќа и Мерцеде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg