Рене Зелвегер по пластичните операции: Ќе ја препознаете? (фото)

Драстично изменетото и непрепознатливо лице кое го покажа оскаровката Рене Зелвегер не е последица на бројни улоги, туку на низа операции и ботокс третмани на нејзиното лице.

liceto-na-rene-zelveger-e-neprepoznatlivo-foto-01

Првите чекори како глумица, Рене Зелвегер ги направила во една тексашка реклама за пиво, а од заработените пари веднаш заминала во Лос Анџелес , каде не ни сонувала за кариерата на успешна светска глумица.

Најмногу обожаватели стекна по улогата на несмасната новинарка во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“ за која нагло се здебели дури 10 килограми плус.

Токму од тогаш почнаа и сите нејзини промени, со постојаното дебелеење и брзо слабеење, поради што се менуваше и нејзиното тело, но и лицето.

Затоа, се реши да направи мала корекција со ботокс третмани, па пластична операција на некои делови, по што веројатно не успеа да запре со сето тоа, па денес изгледа тотално непрепознатливо.

Ги нема нејзините подигнати образи, ниту чистиот бел тен, а сините очи ѝ се ситни и пропаднати. Како што надоаѓаат годините, брчките уште толку ја менуваат, па станува уште повеќе непрепознатлива.

Погледнете како изгледаше на почетокот, а како на последното појавување на црвениот тепих:

Би можело да ве интересира:

Рене Зелвегер (54) ќе се мажи за 10 години помлад водител, откако не успеа да го одведе пред олтар Б... Беше заљубена во Џим Кери, Кени Чесни и Бредли Купер, а сепак Рене Зелвегер нема...
Естетски хирург открива кои се маните на лицето на Анџелина Џоли што не може да се поправат „Жените ја сакаат Анџелина Џоли, а навистина не знам зошто“ – вели познат австра...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Деми Мур е бикини кралица во Грција на 60 години - рамен стомак, само малку целулит и лице без шминк... Деми Мур е доказ дека жените се секси во секоја деценија од животот, изгледа фит...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
Џастин Тимберлејк ја натерал да абортира, мајка ѝ ѝ давала алкохол во 8-мо одделение: Скандалозни де... Коктели со мајка ѝ во осмо одделение, бременост на 18 години и чувство на отпор ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg