Рене Зелвегер за своето ново лице: Ми се допаѓа што луѓето забележаа промена!

Помина нешто повеќе од година откако Рене Зелвегер го откри своето „ново лице“ на црвениот тепих.

rene-zelveger-za-svoeto-novo-lice-mi-se-dopaga-sto-lugeto-zabelezaa-promena-01.jpg

Оттогаш, Рене го снимаше новиот Bridget Jones филм, присуствуваше на неколку настани и во неколку емисии откри како се чувствувала во периодот кога сите шпекулираа на што се должи нејзината промена.

„Какво добро ми донесе тоа што помалку знаев што сите зборуваат? Помалку страв. Тоа е сигурно,“ објаснува.

„Сè што знам е дека моите пријатели и соработници ми испраќаа многу мејлови со поддршка, што очигледно значи дека ми била потребна, и би сакала да знам само толку. Кога луѓето доаѓаат и ме прашуваат: Какво беше чувството? Не знам. Не знам и ми се допаѓа тоа што не знам.“

rene-zelveger-za-svoeto-novo-lice-mi-se-dopaga-sto-lugeto-zabelezaa-promena-2.jpg

Првата изјава на Рене по промената, за магазинот People гласеше дека сепак и се допаѓа тоа што луѓето забележале промена кај неа.

„Мило ми е што луѓето мислат дека изгледам различно. Сега живеам поразличен, среќен и поисполнет живот и драго ми е што тоа се гледа. Пријателите ми велат дека изгледам спокојно. Здрава сум. А, долго време не бев добра во тоа. Се водев според распоред на одредени рестрикции кои не ми дозволуваше да се грижам за себе. Наместо да се откажам од него, јас продолжив да правам лоши избори. За среќа станав свесна за хаосот и конечно одбрав поинакви работи.“

Како изгледа „новото лице“ на Рене без шминка погледнете тука.

Би можело да ве интересира:

Сандра Булок неутешна по смртта на партнерот, Кејт Хадсон со отечено лице: Фото-докази дека и ѕвезди... Сандра Булок за првпат беше фотографирана 2 месеци по смртта на нејзиниот партне...
Тој е 20 години постар од неа, ја имаат ќерката Џиџи – Љубовната приказна на Сиело од аргентинската ... Заедно се речиси 20 години, во брак се од 2009, ја имаат ќерката Џиџи, а љубовта...
Славните личности на роденден кај Леонардо ди Каприо: Бившата девојка проба да влезе сосила (фото) Бившата девојка се обиде да влезе, но беше избркана од обезбедувањето. Рита Ора ...
Ја нарекуваат „шпанската Ким Кардашијан“, му го прости неверството на сопругот – Која е полусестрата... Тамара Фалко е една од полусестрите на Енрике Иглесијас. Тие имаат иста мајка – ...
„Претекуваат“ гради од сите страни - сопругата на Канје Вест уште еднаш покажа дека е копија на Ким ... Боса по асфалтот, во наједноставно издание со хеланки, сопругата на Канје Вест г...
Заработувала милиони, сега не смее да користи Инстаграм - Нови детали за сопругата на Канје Вест На само 18 години отворила свој бренд кој ѝ донел милиони, а денес не смее да от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg