Мила Кунис и Ештон Качер очекуваат второ дете

Семејството на Мила Кунис и Ештон Качер ќе се прошири за уште еден член - тие го очекуваат своето второ дете.

mila-kunis-i-eshton-kacer-ocekuvaat-vtoro-dete-01.jpg

Двајцата актери веќе се родители на 20-месечната Вајат Изабел која се роди во октомври 2014-та година, а сега на пат е и второто дете.

Двојката која се венчаше минатиот јули е многу среќна околу приновата.

„Ештон секогаш се разведрува кога зборува за Вајат, а сега е уште посреќен со малечкото кое го очекуваат“ - вели близок извор на 38-годишниот актер.

Минатиот месец актерката откри дека мајчинството целосно ѝ го променило животот: „Сега имам нови приоритети во животот. Во моите 20-ти патував и бев прилично себична, а тоа што сега имам дете ме натера да сфатам дека сакам да бидам сосема спротивното“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со првиот сопруг се омажила на 16 години, мајка ѝ го поништила бракот – Бурното љубовно минато на Ми... Гневна затоа што мајка ѝ не ја третирала како возрасна личност, Мила се омажила ...
Ник Канон, бившиот на Мараја Кери, има 12 деца – не може да ги наброи сите, едното почина од рак Ник Канон и Мараја Кери се венчаа по само два месеца врска, а заедно имаат две д...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Светски и регионални ѕвезди кои очекуваат (или добија) дете во 2024-та Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус го очекуваат нивното прво дете, додека Милош Би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg