Времеплов низ љубовта на Барак и Мишел Обама

Eден од најпопуларните претседатели на САД, Барак Обама имал навистина скромни почетоци. 

vremeplov-niz-ljubovta-na-barak-i-misel-obama-01.jpg 

Неговата приказна со поранешната прва дама Мишел Обама е посебна токму поради фактот дека е љубовна приказна која почнала помеѓу двајца обични луѓе кои по некоја случајност почнале да работат заедно во правна фирма.

Еве неколку приказни од животот на познатиот пар од нивното запознавање до претседателството:

Како се запознале?

Летото 1989-та година, Мишел ѝ кажала на нејзината мајка дека ќе се фокусира на нејзината кариера во правото и дека не бара некој за врска. Имала 25 години и работела во правна фирма во Чикаго. Некое време подоцна нејзината фирма ѝ доделила задача да му биде ментор на Барак Обама кој неодамна започнал да работи во фирмата.

Уште тогаш имало многу гласини за интелигентноста на Барак Обама, кој тогаш имал 27 години и студирал на Харвард. Мишел сериозно се нервирала од гласините, поради фактот што на луѓето им било чудно човек кој не е од белата раса да биде толку паметен.

Таа мислела дека сепак Обама нема да ѝ се допаѓа и дека ќе биде некој ексцентричен и претенциозен лик од Харвард.

Фактот дека му била ментор малку ја замислил кога тој ја поканил на состанок. Како што досега имаат изјавено во многу политички кампањи, таа мислела дека би било невкусно да почнат врска само поради фактот дека тие се единствените црни луѓе во фирмата.

vremeplov vo ljubovta na barak i misel obama 4

Нивниот прв состанок

И покрај пружањето отпор, на крај сепак Мишел се согласила да излезе со него. Состанокот започнал со ручек во Институтот за Уметност во Чикаго, а на крај завршил во кино каде што го гледале филмот „Do The Right Thing“ од Спајк Ли.

Тој бил многу културен, чувствителен и трпелив, според зборовите на Мишел. Овој состанок е прикажан во филмот „Southside With You“.

Како Барак ја запросил?

Кога Барак го поминал државниот правен испит, тие отишле да прослават во некој ресторан. Тогаш дошол келнерот со десерт, а таму бил и прстенот. Мишел била мошне шокирана и воопшто не го очекувала тоа.

Тој клекнал на колена и многу јасно ја побарал за жена, а таа секако прифатила. Ова се случувало во 1991-ва година, 2 ипол години по нивното запознавање.

Во 1992 година тие стапиле во брак и сега имаат две деца

Барак не ветил богатсво и слава на венчавката, меѓутоа ветил живот кој ќе биде интересен и не згрешил во ветувањето. Парот го доби нивното прво дете во јули, 1998-ма година, а во 2001-ва година ја добиле и Саша Обама.

Барак вели дека љубовта која тој и неговата сопруга ја чувствуваат еден за друг е одличен пример за нивните ќерки кои израснаа во прекрасни млади дами.

vremeplov vo ljubovta na barak i misel obama 6

Барак тврди дека Мишел е одговорна за успехот во воспитувањето на ќерките и дека таа е вистински пример за успешна жена. Мишел ги научила да ги почитуваат луѓето и да очекуваат и тие самите да бидат почитувани во врските.

vremeplov vo ljubovta na barak i misel obama 5

Во 2008-ма година, Барак стана претседател и тие станаа најпознатото семејство во светот. Мишел му помогнала многу во напредокот на неговата карера, поддржувајќи го безрезервно во исцрпната кампања.

Тој еднаш се пожалил за фактот дека она што луѓето најмногу го сакале кај него е тоа што бил сопруг на Мишел.

vremeplov-niz-ljubovta-na-barak-i-misel-obama-004.jpg 

Мишел беше позната за време на нивниот мандат по тоа што се залагаше многу за иницијативите за здрава исхрана, а Барак секогаш велел дека не би постигнал толку многу за време на мандатот без нејзината помош.

Но, живеењето во Белата куќа не е толку гламурозно како што изгледа - има свои предности и слабости. Тие уживале во нивниот престој, но денес се среќни што живеат нормален живот.

Мишел вели дека го обожава фактот што сега може да ја отвори вратата и да не мора никому да се објаснува каде ќе оди и што ќе прави.

vremeplov-niz-ljubovta-na-barak-i-misel-obama-005.jpeg

На 3-ти октомври тие ја прославија 25-годишнината од нивното стапување во брак, а Мишел на Твитер објави фотка од свадбата и напиша:

„Среќна годишнина Барак Обама. Една четвртина век подоцна сè уште си мој најдобар пријател и најизвонредниот маж кој го познавам. Те сакам.“

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg