Зошто децата на принцот Хари и Меган Маркл нема да носат титула на принц и принцеза?

Принцот Хари и Меган Маркл вчера конечно објавија дека се официјално верени, а свадбата ја очекуваме во пролет, 2018-та.

zoshto-decata-na-princot-harry-i-meghan-markle-nema-da-nosat-titula-na-princ-i-princeza-01.jpg

Тие вчера го направија првото јавно појавување на кое Меган го покажа вереничкиот прстен и го имаа првото заедничко интервју во кое открија детали за запросувањето.

Па, според ова, нормално е да помислиме и на децата кои парот во иднина ќе ги има, како и на нивните титули. 

Децата кои принцот Хари и Меган ќе ги имаат, нема да носат титула на принц//принцеза, туку ќе бидат лорд/леди, освен ако кралицата не се вмеша.

Титулите во британското кралско семејство се одредени од пра-пра-дедото на Хари, кралот Џорџ V-ти во 1917 година.

Според неговите правила, внуците на синовите на било кој монарх по директна машка линија (односно најстариот син на најстариот син на принцот од Велс), ќе имаат можност да ја носат таа титула.

Тоа значи дека децата на Хари и Меган нема да ја носат, освен ако кралицата Елизабета не се вмеша додека е на тронот и да направи промени исто како што направи за децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Нивниот син, Џорџ отсекогаш ја имал титулата на неговото височество принцот Џорџ, но Шарлот требала да ја добие титулата леди.

За време на бременоста на Кејт во 2012, кралицата направила промени, изјавувајќи дека сите деца на најстариот син на принцот од Велс треба да ја носат кралската титула која ја заслужуваат, односно принц и принцеза.

Останува да видиме дали истото ќе го направи и за другиот син Хари и неговите деца. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Машин Ган Кели како Ума Турман, а Меган Фокс со крв на лицето - Ѕвездите со спектакуларни маски по п... Парис Хилтон ѝ даде поддршка на другарката Бритни Спирс, па се облече во костимо...
Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg