Зошто славните личности носеа бели рози на Греми ‘18?

Кеша проговори за силувањето и сета болка потоа, а колегите громогласно ѝ ракоплескаа за храброста. Сите заедно порачаа дека истече времето за сексуални злоупотреби.

mokjna-poraka-i-protest-so-beli-rozi-na-slavnite-lichnosti-na-gremi-nagradite-2018-foto-01.jpg

Најемотивниот момент на доделувањето на Греми наградите беше изведбата на Кеша на нејзината песна „Praying“ напишана за наводната злоупотреба од продуцентот Lukasz 'Dr. Luke' Gottwald. Таа заврши во солзи на сцената.

Придружувана од низа познати личности пејачката носеше бела роза и беше дел од движењето против сексуалната злоупотреба Time's Up. Емотивните говори имаа за цел да ја поткренат јавната свест против сексуалното малтретирање.

„Сите ние сме ќерки, сопруги, мајки, сестри, човечки суштества. На тие што се обидуваат да не замолчат им нудиме само два збора #Timesup. Истече времето за нееднаквост, дискриминација и злоупотреба од каков било вид, како и за злоупотреба на моќта...

Да работиме заедно, жени и мажи, и обединети да се посветиме да создадеме посигурна околина за работа и еднакви плати за сите жени, изјави Кеша.“

По емотивниот говор следуваше изведбата на „Praying“.  30-годишната ѕвезда доведе многумина до солзи и доби лавина од позитивни критики на Твитер.

https://www.youtube.com/watch?v=7cmzAjwmc5k

„Rainbow“ e првиот албум на Кеша кој излезе по 2012 година кога таа имаше 3-годишна битка со Gottwald, откако го обвини за силување и сексуална злоупотреба. Официјални обвиненија не беа подигнати, a тој поднесе тужба за клевета против неа и ѝ создаде низа проблеми. Албумот што излезе во 2017 година за пејачката е некаков емоционален триумф над ситуацијата.

Таа за него доби две номинации, но за жал наградите во тие категории ги зема Ед Ширан, кој не присуствуваше на настанот.

На настанот многу познати личности носеа бели рози како знак за поддршка на движењето, само неколку седмици откако на Златните Глобуси сите се појавија облечени во црно во знак на протест против сексуалната злоупотреба.

Познатите личности очигледно се сплотија за да испратат моќна порака до светот и тоа дефинитивно е за секоја пофалба.

Лејди Гага, Кели Кларксон, Рита Ора, Синди Лопер и Лана дел Реј, како и многу машки ѕвезди донесоа роза за поддршка на протестот или на некаков начин како моден додаток или дезен на својот аутфит ја имаа вметнато.

Секоја чест за храброста на Кеша, секоја чест за целото движење:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg