Таткото на Меган Маркл си измислил дека има „проблеми со срцето“?!

По неславното откажување на присуство од кралската свадба на својата ќерка Меган Маркл, името Томас Маркл сега е поврзано со нов скандал.

tatkoto-na-megan-markl-si-izmislil-deka-ima-problemi-so-srceto-1.jpg

Изворот на ова тврдење е близок пријател на Меган, кој тврди дека 74-годишниот Томас никогаш немал проблеми со срцето и целата здравствана состојба е лажирана за да придобие симпатии.

„Целата приказна за таткото на Меган Маркл и наводната операција на срце пред венчавката е измислена,“ вели изворот за Daily Mail.

„Мораше да смисли добра причина зошто нема да присуствува на венчавката и да одбегне понатамошни непријатности по наместените фотки кои се проширија во јавноста.“

tatkoto-na-megan-markl-si-izmislil-deka-ima-problemi-so-srceto-2.jpg

Во клиниката каде се тврдеше дека Томас престојувал тие неколку дена, се тврди дека никој со тоа име не влегол, ниту имал операција.

Изворот додава: „Неиздржаната приказна за лошото здравје беше начин да придобие симпатии од јавноста, откако ги исценира фотките кои беа срам за Меган и за кралското семејство.“

tatkoto-na-megan-markl-si-izmislil-deka-ima-problemi-so-srceto-5.jpg

Уште еден доказ за измислената здравствена состојба е тоа што папараците го уловиле во McDonalds два дена по „операцијата“:

tatkoto-na-megan-markl-si-izmislil-deka-ima-problemi-so-srceto-4.jpg

За TMZ неодамна Томас изјавил: „Молчев цела година. Сега го обожавам фактот дека можам да го замолчам целото кралско семејство. Можеби ќе измамам насмевка од војвотката.“

tatkoto-na-megan-markl-si-izmislil-deka-ima-problemi-so-srceto-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...
Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg