Ja преживеа несреќата благодарение на сопругата – Која е Корина Шумахер и како Михаел ја возвишуваше?

Корина Шумахер е сопругата на Михаел Шумахер, која по трагичната несреќа на нејзиниот сопруг мораше да ја преземе на своите плеќи грижата за семејството, но и за тешко болниот сопруг. Како тој ја возвишуваше во минатото, како е заслужна за неговото преживување и што прави по несреќата?

ja-prezhivea-nesrekjata-blagodarenie-na-soprugata-kako-shumaher-ja-vozvishuvashe-i-shto-napravi-taa-za-nego-niz-godinite-01.jpg

Михаел Шумахер во 2013-та година претрпе несреќа на француските Алпи за време на скијање, кога удрил во карпа и се здобил со сериозни повреди на главата иако носел заштитна опрема.

Тој беше на патувањето заедно со неговиот 14-годишен син Мик, кој сега исто така е возач во Формула 1. По несреќата, грижата за целото семејство, како и за болниот сопруг во целост падна врз плеќите на Корина.

Засега не се знае многу за здравствената состојба на Шумахер, а во 2019-тата година по повод 50-иот роденден семејството излезе со тврдење дека ја почитуваат неговата волја неговата здравствена состојба да се чува во најголема тајност.

Последните 8 години воопшто не беа лесни за Корина Шумахер, која по несреќата на нејзиниот сопруг е главен носител на одлуките во семејството - се справуваше со сите финансиски одлуки за семејството, а истовремено се грижеше за нејзиниот сопруг, како и за двете деца, кои беа тинејџери во периодот кога настрада нејзиниот сопруг.

ja-prezhivea-nesrekjata-blagodarenie-na-soprugata-kako-shumaher-ja-vozvishuvashe-i-shto-napravi-taa-za-nego-niz-godinite-03.jpg

Во најновата изјава, поранешниот близок соработник на Шумахер тврди дека сопругата Корина Шумахер одиграла клучна улога во бавното закрепнување на Формула 1 легендата, кого јавноста немала прилика да го види од кобниот 29-ти декмври 2013-тата година.

„Светски познатиот возач на формула 1, Михаел Шумахер ја преживеа стравотната несреќа во 2013-тата година благодарение на лекарите, но и на неговата сопруга Корина која даде сè од себе за нејзиниот сопруг да преживее.

Поминав доста време со Корина по серизоната несреќа на Михаел. Таа е голема жена и во моментов е одговорна за семејството. Таа не очекуваше дека такво нешто ќе се случи.

Сè се случи ненадејно и таа немаше избор. Но, добро се бори. Јас ѝ верувам, таа ми верува мене. Благодарение на работењето на лекарите, но соработката од страна на Корина, која сакаше тој да преживее, тој преживеа – но со последици и сега се борат со тие последици. Се надеваме дека нештата бавно, но сигурно ќе се подобрат“ – вели Жан Тод (75) моментален претседател на ФИА и поранешен шеф на тимот на Ферари.

ja-prezhivea-nesrekjata-blagodarenie-na-soprugata-kako-shumaher-ja-vozvishuvashe-i-shto-napravi-taa-za-nego-niz-godinite-10.jpg

Инаку, Корина е во брак со Михаел од 1995-тата година, а тие заедно живееја во Швајцарија. По несреќата се претпоставува дека тие се заедно во нивната приватна вила на Мајорка, што Корина ја купи во 2017-тата година.

ja-prezhivea-nesrekjata-blagodarenie-na-soprugata-kako-shumaher-ja-vozvishuvashe-i-shto-napravi-taa-za-nego-niz-godinite-02.jpg

Корина и самата се занимавала со спорт, па така како професионален џокеј во 2010-тата година го освои Европското првенство во јавање.

Добропознат факт е дека за 10-годишнината од бракот во 2005-тата година Шумахер ѝ подари ранч со коњи во Швајцарија, каде во моментов имаат околу 40 коњи.

Се претпоставува дека семејството има уште еден ранч во Тексас, а дека неодамна, во мај годинава, Корина купила уште еден ранч во Мајорка.

ja-prezhivea-nesrekjata-blagodarenie-na-soprugata-kako-shumaher-ja-vozvishuvashe-i-shto-napravi-taa-za-nego-niz-godinite-04.jpg

Корина отсекогаш била силен поддржувач на кариерата на Шумахер и најчесто беше присутна на сите трки во кои учествуваше и нејзиниот сопруг.

Во 2013-тата година Шумахер во изјава за германските медиуми рече дека тој и неговата сопруга никогаш немале сериозна расправија.

„Тоа е така затоа што ги цениме истите вредности. Целото време додека се натпреварував таа ми беше ангел чувар“ – велеше тој.

Корина и Михаел имаат две деца заедно Џина (24) и Мик (22). Џина Марија тргна по стапките на мајка ѝ и е професионален џокеј, а Мик, по стапките на татко му, се натпреварува во Формула 1.

ja-prezhivea-nesrekjata-blagodarenie-na-soprugata-kako-shumaher-ja-vozvishuvashe-i-shto-napravi-taa-za-nego-niz-godinite-06.jpg

Додека траеше целата битка за подобрување на здравствената состојба на Михаел, Корина водеше уште една судска битка со германскиот магазин Die Aktuelle кој во 2015-тата година објави нејзина фотографија со насловот: „Корина Шумахер – новата љубов ја прави среќна“.

Приказната всушност била за нивната ќерка Џина и нејзината нова љубов, но според Корина, ваквиот наслов бил тенденциозен. Случајот доби судска разрешница, според која насловот не ја наведувал јавноста да помисли дека таа се разведува од сопругот.

ja-prezhivea-nesrekjata-blagodarenie-na-soprugata-kako-shumaher-ja-vozvishuvashe-i-shto-napravi-taa-za-nego-niz-godinite-05.png

Иако не се зборува многу за неговата здравствена состојба, во 2019-тата година по повод 50-иот роденден на Шумахер, неговото семејство излезе со изјава за јавноста во која напоменаа дека прават сè за да му помогнат да закрепне.

Минатата година пак, во септември се појавија и информации дека најверојатно некогашниот возач ќе оди на операција за пресадување на матични клетки, но дека истата била откажана поради светската пандемија.

Инаку, во септември треба да се појави нов документарен филм во кој ќе бидат објавени досега невидени видеа и интервјуа со членови на семејството (сопругата Корина, двете деца Џина и Мик и братот Ралф).

Освен нив, во филмот ќе има интервјуа и со други колеги и блиски соработници, меѓу кои и Жан Тод, Барни Еклстон, Себастијан Фетел, Мика Хакинен, Дејмон Хил и други. Овој документарен филм е одобрен од семејството.

ja-prezhivea-nesrekjata-blagodarenie-na-soprugata-kako-shumaher-ja-vozvishuvashe-i-shto-napravi-taa-za-nego-niz-godinite-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Единствениот човек што сакал да ги открие деталите за Шумахер се „обесил“ во затвор Во овие 10 години сите обиди да се објават детали за здравствената состојба завр...
„Сè уште е тука и не ми недостасува“ – Пријателот на Михаел Шумахер зборува за неговата здравствена ... „Михаел е тука, па не ми недостасува. Неговиот живот сега е сосема поинаков и ја...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе? Се кара со мајките на соиграчите на трибините, ги уценува клубовите за повисоки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg