Девојка со влакна на градите и нозете во елегантна тоалета на насловна страница

„Сфатив дека сум поинаква од другите затоа што бев многу многу влакнеста во споредба со другите девојчиња. Се борев со тоа. Го криев на училиште, па дури и на факултет“.

devojka-so-vlakna-na-gradite-i-nozete-vo-elegantna-toaleta-na-naslovna-stranica-01.jpg

Естер Каликст-Беа e уметник од Канада и девојка која предизвика лавина од реакции кога се појави на насловната страница на британското издание на магазинот Glamour.

Таа е една од 10-те жени избрани за да прикажат љубов кон себе, без разлика на несовршеностите. Тие ја слават различноста на телата и рушат табуа.

View this post on Instagram

A post shared by Queen Esie 🌷 (@queen_esie)

Естер позната како „Queen Esiе“ постојано позира со влакна на градите и нозете, а на Инстаграм ја следат повеќе од 29.000 луѓе.

Таа се противи на тоа што на природните влакна кои растат на женското тело се гледа како на нешто ненормално.

Естер вели дека влакна на градите почнале да ѝ растат од 11-годишна возраст и дека морала за првпат да ги острани за полуматурата.

„Сфатив дека сум поинаква од другите затоа што бев многу, многу влакнеста во споредба со другите девојчиња. Се борев со тоа. Го криев на училиште, па дури и на факултет“.

По години несигурност и проблеми со менталното здравје, таа одлучила да се прифати себеси и јавно да проговори за тоа. Вели дека се навикнала на своето тело и сака да им помогне на другите девојки кои имаат ист проблем да го прифатат тоа.

Некои ја поддржуваат за храбриот потег, додека други ја осудуваат и велат дека е непријатно за очи.

Што мислите вие?

https://www.instagram.com/p/CJ9SNXWDUxX/

https://www.instagram.com/p/CJ6tcP_Dlde/

https://www.instagram.com/p/CJor2ogD4uU/

Видео за нејзината приказна:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg