„Ни беше судено да се сретнеме“ – Две пријателки се дружеле со години, пред да сфатат дека се сестри

Касандра и Џулија се запознале во 2013-та година, додека работеле во ист ресторан. Тогаш нивните колеги на шега ги прашувале дали можеби се сестри, а 7 години подоцна, девојките откриле дека ова сепак е вистина.

ni-beshe-sudeno-da-se-sretneme-dve-zheni-so-godini-bile-prijatelki-pred-da-sfatat-deka-se-sestri-01.jpg

Во 2013-та година Касандра Медисон почнала да работи во бар во Конектикат. Тогаш ја запознала Џулија Тинети, со која станале навистина добри пријателки.

Тој период Касандра и Џулија не обрнувале многу внимание на сличностите помеѓу нив – и во изглед, и во карактер – а вработените почнале на шега да ги прашуваат да не се сестри. 32-годишната Касандра вели дека со текот на времето, и тие почнале да си го поставуваат истото прашање.

Девојките не биле изненадени од сличностите во нивниот изглед колку што ги зачудило тоа што и двете имаат иста тетоважа - знамето на Доминиканска Република.

Џулија има тетоважа од знамето на нејзиниот грб, додека Касандра на нејзината рака, а и двете ја направиле во чест на нивната родна земја.

ni-beshe-sudeno-da-se-sretneme-dve-zheni-so-godini-bile-prijatelki-pred-da-sfatat-deka-se-sestri-02.jpg

Кога почнале да разговараат за нивната тетоважа, сфатиле дека во нивните приказни има многу сличности. И двете девојки биле родени во Доминиканска Република, биле посвоени додека биле новороденчиња и пораснале во Конектикат.

„Додека зборувавме, за миг си помисливме дека можеби сме сестри“, вели Касандра.

Тогаш решиле да ги проверат нивните изводи. Бидејќи во документите тие имале различно презиме и различно место на раѓање, извесен период заборавиле на помислата дека се сестри.

„Престанавме да зборуваме за тоа, но сепак, постојано се однесувавме како сестри“, додава Касандра.

Двете девојки не само што се дружеле на работното место, туку се дружелеи и во слободно време, имале слични интереси и неретко носеле слична облека.

ni-beshe-sudeno-da-se-sretneme-dve-zheni-so-godini-bile-prijatelki-pred-da-sfatat-deka-se-sestri-05.jpg

Во 2015-та година Касандра се преселила во Вирџинија, но останала во контакт со Џулија. Додека била таму, решила дека сака да го пронајде нејзиното вистинско семејство.

„Дури и ако не сакаа да се сретнат со мене, си реков дека морам барем да се обидам да ги најдам“.

Во 2018-та година Касандра успеала да најде роднина кој живеел во Конектикат и кој ѝ кажал кои се нејзините биолошки родители. Младата жена го запознала нејзиниот татко и другите роднини, а дознала дека мајка ѝ починала неколку години порано од инфаркт.

Касандра отишла во Доминиканска Република, каде што го сретнала татко ѝ, но уште не дознала ништо за изгубената сестра.

Џулија, пак, никогаш не се ни обидувала да си го најде биолошкото семејство, најмногу бидејќи се плашела од она што ќе го открие.

ni-beshe-sudeno-da-se-sretneme-dve-zheni-so-godini-bile-prijatelki-pred-da-sfatat-deka-se-sestri-03.jpg

Дури во 2020-та Касандра добила порака од пријателка од детството – Моли Сападин – која исто така била посвоена од Доминиканска Република, а ја познавала и Џулија.

Бидејќи Касандра почнала да споделува фотографии со биолошкото семејство, Моли го препознала нивното презиме. Тогаш сфатила дека во изводите пишува дека таа и Касандра имаат иста мајка.

Касандра и Моли направиле ДНК тест и откриле дека во изводот има грешка и тие не се сестри, туку братучетки. А, бидејќи Џулија и Моли биле посвоени во ист ден, помислиле дека можеби тогаш настанала грешката.

Тогаш, Касандра го прашала нејзиниот биолошки татко дали има сестра, а кога тој одговорил потврдно, таа веднаш ја замолила Џулија да направат тест. Две недели подоцна тие ги добиле резултатите и ја потврдиле нивната претпоставка – Касандра и Џулија се сестри.

ni-beshe-sudeno-da-se-sretneme-dve-zheni-so-godini-bile-prijatelki-pred-da-sfatat-deka-se-sestri-04.jpg

„Неколкупати ги проверував резултатите за да се осигурам дека се точни. Всушност, уште чекам некој да ми каже дека сето ова е само шега“, вели Џулија.

Подоцна и Џулија се запознала со нејзиниот татко и семејството во Доминиканска Република и сега се обидуваат да надополнат за изгубеното време. Поради пандемијата, Џулија уште го нема посетено татко ѝ, но редовно комуницираат онлајн.

Нивниот татко, пак, изјавил дека цел живот го чекал овој ден, бидејќи ги дал девојчињата на посвојување само затоа што немал доволно пари за да ги издржува.

„Сега кога ќе размислам за целата ситуација, убедена сум дека ова морало да се случи вака. Ни било судено да ни се вкрстат патиштата“, вели Џулија за нејзината сестра.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
Дали бременоста на Хилари Свонк на 48 години им дава лажна надеж на жените? Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професи...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg