Galaxy S4 за секој кој ќе гледа во него 60 минути

Samsung и швајцарската телеком компанија Swisscom изненадија со едно шармантно натпреварување кое се одвива на железничка станица.

site-oci-vpereni-vo-samsung-galaxy-s4-1

За да го промовираат новиот модел на Samsung Galaxy S4 и неговата способност да го следи погледот на корисникот, така што со телефонот ќе можете да управувате без допирање, односно само со поглед (на пр. Да ја скролате страницата со движење на погледот), Samsung постави еден штанд на железничката станица и им понуди на патниците бесплатен Galaxy S4.

Условот да се добие овој паметен телефон беше навидум едноставен, да гледаат во неговиот екран 60 минути, без да го тргнат погледот.

Звучи едноставно, но сепак претставуваше вистински предизвик, бидејќи тимот на Samsung имаше спремно креативни попречувачи во задачата на натпреварувачите кои се обидуваа на разни начини да ги натераат да го тргнат погледот од екранот. Така, во нивната мисија им попречија улични свирачи, лаење на куче, мотоциклист кој изведуваше акробации, па дури човек кој се самозапали.

Сепак, едно момче успеа да издржи. Погледнeте!

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg