Револуција во дизајнот Samsung Galaxy Edge Note

Новиот миленик од Samsung, Galaxy Note Edge, ексклузивно достапен во салоните на Vip.

revolucija-vo-dizajnot-samsung-galaxy-edge-note-01.jpg

Запознајте го светскиот предводник во врвниот изглед и супериорните карактеристики, кој ги предизвика досегашните правила во дизајнот на смарт-телефони и ги промени правилата на нивната употреба.

Револуција во дизајнот со Edge Screen

revolucija-vo-dizajnot-samsung-galaxy-edge-note-02.jpg

Благодарение на својот иновативен дизајн, Samsung Galaxy Note Edge им овозможува на корисниците нов начин за пристап до информациите. Уникатниот заоблен раб на екранот овозможува брз пристап до често користените апликации и функционалности на уредот, со само еднo движење на прстот. Исто така, овој заоблен раб на екранот Ве информира и за сите нотификации, без притоа да ја прекине активноста на главниот екран, благодарение на новиот Edge screen. Па така, може слободно да гледате видеоклипови или да слушате музика, без притоа известувањата да Ве прекинат во уживањето.


Мултифункционален

revolucija-vo-dizajnot-samsung-galaxy-edge-note-04.jpg

Скратете го времето на работа со опцијата за отворање повеќе прозорци истовремено на екранот на Samsung Galaxy Note Edge. На тој начин, Вие можете флексибилно да работите со повеќе апликации истовремено, и сето тоа да се одвива брзо и лесно, со користење едноставни движења.


Експлозија на бои: 5.6” Quad HD + Super AMOLED екран

revolucija-vo-dizajnot-samsung-galaxy-edge-note-03.jpg

Високиот контраст на 5.6“ Quad HD + Super AMOLED екранот ќе Ви овозможат да ги доживеете живописните бои, исто како да ги гледате со голо око. Квалитетот на екранот е збогатен за лесен преглед на содржини, целосно оптимизиран за прелистување веб-страници како и за електронско читање.

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg