6 Вибер трикови кои со сигурност ќе ви користат: Како да сокриете дека сте биле вклучени?

Поголемиот дел од нас секојдневно го употребуваат Вибер и добро знаеме дека понекогаш сакаме дополнително да се заштитиме на оваа апликација.

7-trikovi-na-viber-koi-so-sigurnost-kje-vi-koristat-01.jpg

Се случува да не сакаме некој да види дека сме ја прочитале неговата порака, сакаме дополнителен пасворд за никој да не ни ги чита пораките...

Неколку трикови кои ќе ви користат на Вибер:

1. Како да сокриете дека сте биле онлајн на мрежата?

Одете на „Подесувања“, па „Приватност“ и исклучете го статусот „На мрежата“. На тој начин никој нема да знае кога сте биле онлајн, а кога не.

2. Сокријте го статусот на пораките

Ако не сакате некој да открие дека сте ја прочитале пораката, односно да го види тоа „seen“, влезете во „Подесувања“, одберете ја опцијата „Известувања“ и исклучете ја опцијата „Прикажи преглед на пораките“.

3. Како да ја заштедите меморијата на телефонот?

Гласовните пораки автоматски се зачувуваат во вашиот телефон, па за да заштедите на меморија, најдобро е да ги избришете. Одете на „Подесувања“, потоа „Медиа“ и кликнете на „Избриши гласовни пораки“.

4. Како да ја отстраните профилната фотографија за непознатите корисници?

Ако не сакате сите корисници на Вибер да ја видат вашата фотографија, одете на „Подесувања“, потоа „Приватност“ и кликнете на „Покажи ја мојата слика“.

5. Отстранете го статусот „Користи апликација“

Вибер се синхронизира со сите ваши останати апликации и игри, а корисниците можат да ги видат. Ако сакате да ја исклучите оваа опција, одете на „Подесувања“, „Приватност“ и исклучете ја опцијата „Користи апликација“.

6. Поставете лозинка

Ако не сакате некој да ги чита вашите пораки, можете да ставите Вибер лозинка. Самата апликација нема таква опција, но можете да ја инсталирате апликацијата „Lock for Viber“ која ќе го направи тоа за вас.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg