На што најмногу ќе ви влијае ретката сина супермесечина, според хороскопскиот знак?

Јарци, сината супермесечина на 30-ти август ќе ве направи поемотивни, а ова ќе има влијание и врз начинот на размислување. Нема да бидете многу реалистични со вашите мисли, па пробајте да воспоставите некоја рамнотежа.

na-shto-najmnogu-kje-vi-vlijae-retkata-sina-supermesechina-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Сина месечина се однесува на втората полна месечина во еден месец. Во август, првата полна месечина беше на 1-ви, а втората на 30-ти.

Уште поинтересно е што и двете полни месечини беа супермесечини, односно период кога природниот сателит е најблиску до Земјата.

Според астролозите, овој редок астрономски настан има огромно влијание врз нашите животи кое ќе се чувствува извесен период.

Какво ќе биде влијанието на сината супермесечина врз вашиот хороскопски знак?

Овен

Ова е духовен период за вас, па одвојте време да се дистанцирате од светот и да се фокусирате на себе.

Медитирајте, размислувајте за вашите соништа, како и за насоката во којашто се движите.

Иако сигурно, како и сите, имате безброј обврски кои не ви дозволуваат да се посветите само на себе и духовниот развој, потрудете се да го направите ова.

Поминете време во природа, без технолошки уреди.

Бик

Сината супермесечина ќе има најголемо влијание врз вашиот социјалниот живот, врз односот со пријателите, колегите, познаниците…

Можни се некои несогласувања, но ќе ги надминете ако успеете да направите разлика помеѓу реалноста и неоснованите сомнежи.

Од една страна, можно е да се оддалечите од некои луѓе, но од друга да запознаете нови.

Добро би било периодов да размислите и за вашите најдлабоки желби и соништа.

Близнаци

Периодов најголемо влијание ќе чувствувате врз професионалниот живот.

Ќе заблескате на работното место, а можно е да имате можност да ги искористите вашите креативни и уметнички таленти.

Можеби ќе треба да се справите со недоразбирање со некој надреден, како и да се подготвите за промени.

Но, не грижете се – сето ова ќе ви биде од корист и ќе ви помогне да се придвижете напред на професионално поле.

Рак

Дозволете си да ги чувствувате сите емоции – дури и негативните.

Периодов ќе сфатите дека светот е огромно место и ќе сакате да најдете начин да се придвижите напред.

Ќе бидете мотивирани и не дозволувајте другите да ве премислат во вашите намери.

Познанствата и патувањата ќе ви ги прошират хоризонтите и ќе доживеете вистинска промена како личност.

Лав

Сината супермесечина ќе има најголемо влијание врз финансиите, но и врз интимноста во бракот или врската.

Направете план за да ги исплатите долговите и не се задолжувајте освен ако не е навистина неопходно.

Кога станува збор за интимноста, разговарајте со партнерот за ова.

Ако сте сингл и не ви се допаѓа ова, можеби е време повеќе да се посветите на барањето партнер.

Девица

Сината супермесечина ќе ве мотивира да си го организирате животот, како и да ставите крај на недоразбирањата со саканите.

Ќе му покажувате повеќе разбирање на партнерот и на блиските пријатели, а со ова ќе решите многу проблеми.

Истовремено, ќе имате енергија да се посветите на најважните цели и да си го подобрите секојдневието.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg