Која е вашата тајна опсесија, според хороскопскиот знак?

Риби - Сè што е мистично, необјаснето и магично е интересно за Рибите и брзо станува предмет на нивната опсесија.

koja-e-vashata-tajna-opsesija-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Дефиницијата за опсесија подразбира идеја, која го опседнува умот на човекот без негова волја, а според астролозите секој од хороскопските знаци има по некоја мисла што не му дава мир.

Луѓето може да бидат опседнати со банални работи, со сопственото здравје, со потребата да бидат славни, или пак, со нешто друго, а астролошки гледано, секој хороскопски знак има свои предизпозиции за сопствената опсесија.

Која е опсесијата на секој хороскопски знак?

Овен – Сè што е ново

Овенот е прв знак во Зодијакот и постојано е опседнат со тоа да доживее нови искуства и авантури.

Брзо се задоволува со искуствата, па затоа секогаш сака да пробува нови работи, што претходно не ги искусил.

Биковите ги возбудува мигот кога за првпат ќе земат во раце нов технолошки уред, кога за првпат ќе стават гориво во автомобилот, кога ќе имаат можност да се впуштат во нови авантури – а потоа тоа за брзо им станува здодевно.

Бик  - Купување на попуст

Бикот не може да помине покрај излогот на кој стои натписот за попуст.

Опседнати се со купување, а се гордеат кога ќе успеат да најдат производи што се продаваат на распродажба или на акција.

Опседнати се со тоа, редовно да ги следат сите информации за попуст и чувствуваат дека мора да одат и да видат за што се работи.

Близнаци – Нови информации

Близнаците се постојано жедни за нови знаења.

Од нив можете да очекувате да ги знаат сите најнови информации за науката и да знаат детално да ви ги објаснат, или пак да се информирани и за најновите озборувања во компанијата каде што работат или во населбата каде што живеат.

Тие се опседнати со стекнување нови знаења, па неретко може да ги видите како постојано скролаат на телефонот и бараат нови информации за работите што во моментот ги интересираат.

Рак – Минатото

Раковите се најносталгичниот знак во Зодијакот и имаат тенденција да се опседнуваат со работите од минатото.

Тие често знаат да тагуваат и да ви раскажуваат за тоа како во минатото работите биле многу подобри, какво било нивното детство или пак да копнеат да живеат во некои дамнешни времиња, за кои сметаат дека биле најдобри.

Лав – Да бидат главни во друштвото

Важат за самобендисани луѓе на кои главна цел им е постојано да бидат во фокусот на вниманието.

Потајно, опседнати се со тоа да се реализираат себеси и да се изградат во таков тип на човек, каков што им е потребен на луѓето околу нив, со цел да покажат дека се главни и најдобри во сè.

Можете да очекувате први да се пријават на караоке настап, да се обидат да ги покажат своите неверојатни вештини за спорт или пак да покажат дека знаат (нај)добро да танцуваат.

Главна опсесија на Лавот е да покаже дека може и знае и дека е најдобар во сè.

Девица – Здравје

Педантни и организирани, Девиците сметаат дека нивното тело е механизам и секогаш размислуваат за тоа како да го „поправат“ за да функционира во најдобар ред.

Очекувајте тие да знаат сè за најновите третмани за чистење на организмот од штетни материи, да ве информираат која храна е најдобра за консумирање или какви витамини треба да земате.

Склони се да пробаат и методи на алтернативна медицина, само да ја постигнат својата цел: нивното тело да може да се прилагоди на напнатиот распоред што себеси си го наметнуваат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg