Африкански хороскоп: Кој знак сте и како влијае на вашиот карактер?

Хоризонт (04.10 до 03.11) - Овие луѓе се многу храбри и често одат против сите, само за да го направат и добијат тоа што го посакуваат.

afrikanski-horoskop-koj-znak-ste-i-kako-vlijae-toj-na-vashiot-karakter-01.jpg

Уште најпримитивните африкански племиња покажувале интерес за астрологијата и ѕвездите.

Шаманите фрлале коски, кои потоа формирале линии и стрели и така се родила африканската астрологија, која важи за една од најпрецизните во светот.

Африканскиот хороскоп го формираат 12 фигури, а датумите се различни од датумите по кои се води денешниот хороскоп прифатен низ целиот свет.

afrikanski-horoskop-koj-znak-ste-i-kako-vlijae-toj-na-vashiot-karakter-03.jpg

Кои се 12-те знаци во африканскиот хороскоп и како влијаат на вашиот карактер?

Баобаб (04.01 до 03.02)

Луѓето родени во овој знак покажуваат искреност, либералност и промисленост.

Имаат остар ум, но понекогаш паѓаат во замките што им ги поставува сопствениот ум, бидејќи анализираат и работи кои не треба.

Тие се паметни и чувствителни, па уживаат во позиции на моќ и престиж.

Овие луѓе не дозволуваат негативноста на другите да им наштети.

Килибар (04.02 до 05.03)

Родените во овој знак се интелигентни и паметни, но понекогаш чувствуваат дека им се лути на луѓето околу себе.

Тие понекогаш можат да се претворат во бунтовници.

Но, позитивната карактеристика на овие луѓе е што се неверојатно силни поединци кои можат да им одолеат на искушенијата од секаков вид.

Семејство (06.03 до 04.04)

Родените во овој знак се топли и љубезни, но често се држат на дистанца и се отвораат само кон луѓето кои им се блиски.

Тие се добри во само една област од животот - тоа може да е или личен, или професионален живот.

Тие можат да балансираат сè што прават, но секогаш ќе бидат поуспешни во една област отколку во друга.

Љубов (05.04 до 04.05)

Лицата родени во овој знак обожаваат да се социјализираат и да се дружат.

Топли се и нежни, но знаат и да се повлечат за да избегаат од проблемите наместо да се соочат со нив. А, тоа може да ги доведе во неволја.

Ако сте родени во овој знак, бидете внимателни кога сте во близина на луѓе кои не ги познавате доволно, а ви делуваат многу лојални - можеби нешто ви заговараат зад грб.

Пазар (05.05 до 04.06)

Родените во овој знак ќе имаат мир и хармонија во животот, но и тешкотии и брутални моменти.

Овие луѓе покажуваат неверојатно ниво на двојност во нивниот живот - иако можат да бидат исклучително тврди на површината, тие можат да бидат неверојатно меки однатре - и тоа ги прави уникатни.

И покрај нивната избувлива природа, тие ги сакаат мирот и добрата волја.

Предок (05.06 до 04.07)

Овие луѓе можат да бидат егоцентрични, често и без да се свесни тоа.

Тие знаат да станат арогантни и груби доколку нивната позитивна енергија не се канализира на вистински начин.

Но, можат да бидат и паметни и забавни, иако луѓето често погрешно ги перципираат како различни и поинакви од нив.

Ако припаѓате на тој знак, бидете малку помеки кон околината и ќе видите дека ќе ви биде поубаво во животот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg