Нумерологија: Ова е година на бројот 7 - Откријте какво значење има во вашиот живот

2014-та година е во знакот на број 7. Како тоа го знаеме? Со едноставен збир на сите четири цифри. Сега, ве интересира како тој влијае во вашиот живот?

numerologija-ova-e-godina-na-brojot-7-otkrijte-kakvo-znacenje-ima-vo-vasiot-zivot-01

Оваа година е предвидена за аналитичко размислување кај секој човек, на сите полиња во животот. Покрај тоа, во 2014-та се очекува поголема верба и зголемена духовност.

А, што бројот 7 значи конкретно за вас?

Првенствено би требало да го знаете вашиот личен број.

Тоа ќе го направите така што ќе ги соберете сите цифри од датумот на раѓање, сè додека не добиете едноцифрен број.

Потоа, продолжете да читате:

Број 1 - Оваа година ќе ви донесе храброст и почит на поле кариера и 2014-та ви е предвидена за многу нови почетоци. Ново работно место, нова љубов, нов член во семејството...

Број 2 - 2014-та година е вашата година за пронаоѓање на љубовта. До крајот на декември сигурно ќе ја пронајдете сродната душа на место каде најмалку очекувавте.

Број 3 - Ова е ваша година на креативноста и комуникацијата. Креативноста искористете ја за дополнителна заработка, а комуникацијата за создавање на нови пријателства.

Број 4 - Ве очекува напорна година, со многу вложен труд и напор, кој сепак ќе се исплати кон крајот на годината. До почетокот на идната година ќе бидете добро наградени.

Број 5 - Оваа година фокусирајте се на забавната страна на животот. Забавувајте се, патувајте и истражувајте. Ве очекуваат големи и незаборавни авантури.

Број 6 - 2014-та ќе ви биде година посветена на грижа и нега кон најблиските. Не се оддалечувате премногу од пријателите и семејството, потребна ќе им биде ваша помош.

Број 7 - Ова е година во која ќе бидете во постојана потрага по правдата и вистината. Вашата внатрешна мудрост користете ја вешто и верувајте им на инстинктите. Внатрешните чувства никогаш нема да ве изневерат.

Број 8 - Насмевнете се затоа што ова е година на парите, барем за вас. Бидете благодарни и искористете ги можностите кои ви се нудат. Дозволете си почесто да уживате во материјалното богатство.

Број 9 - Оваа година конечно ќе се ослободите од негативните мисли и ќе се збогувате со она што повеќе не ви одговара. Тука спаѓаат и токсичните пријатели и несудената љубов.

Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот несреќен број (и зошто), според хороскопскиот знак? Овен - Вашиот несреќен број е седум. Овој број има навистина негативно влијание ...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg