Што би направил секој хороскопски знак, ако може да се врати назад во времето?

shto-bi-napravil-sekoj-horoskopski-znak-ako-moze-da-go-vrati-vremeto-nazad-1.jpg

Вага

Емотивната и воздржана Вага подобро би го организирала сопствениот живот така што, помалку би страдала поради љубовта, а повеќе време би посветила на сопствената кариера. На работа би била поодлучна и поодговорна. Не би избегнувала конфликти и секому би го кажала своето мислење.


Скорпија

Кога Скорпијата би можела да го врати времето назад кога била лудо заљубена, би сфатила дека љубомората е бесполезно трошење на енергијата. Помалку би се нервирала за другите, би се обидела да не биде преголем егоист во љубовта и би посветила повеќе време на другите. Скорпијата би ги развивала своите таленти и би се занимавала со уметност.


Стрелец

Полетниот Стрелец ако би имал можност да се врати назад во времето, би променил многу работи, а како прво уште како млад би почнал да се занимава со свој сопствен бизнис. На време би почнал да ги штеди парите, но и нервите. Како и Вагата, не би избегнувал конфликти и потоа да се кае зошто некои работи отворено не ги кажал.


Јарец

Кога строгиот Јарец би имал можност да се врати назад во времето, како прво би се ослободил од сопствениот комплекс на пониска вредност кој го имал уште од детството. Мотивацијата за добра кариера би ја црпел од сопствените вредности, а не од комплексите. Би се ослободил од влијанието на таткото и би бил многу поотворен во искажувањето на емоциите.


Водолија

Доколку ексцентричната Водолија би имала можност да ги врати стрелките на часовникот наназад, би сфатила колку требала да биде пореална на работното место. Не би се борела со сите за на крај да го извлече подебелиот крај. Во љубовта би била прилагодлива и подготвена да жртвува повеќе од слободното време за личноста која ја сака. Повеќе време би поминувала со семејството, одошто по кафулиња, ресторани и забави.


Риби

Кога Рибите би имале можност да го вратат назад времето, би сакале да бидат повеликодушни, посигурни во себе и посмирени. Во потрагата по саканата личност, не би биле толку перфекционистички настроени и не би ги барале најситните маани на саканата личност за да можат да ја остават. Би се обиделе да не летаат премногу во сопствените соништа. 



Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Една работа од која е зависен секој хороскопски знак Некој не може да помине ни 5 минути без мобилниот телефон, друг не може да го за...
Која е тајната страст на секој хороскопски знак (за да му е убаво на душата)? Овните сакаат авантура, па обожаваат места на кои можат да влезат бесплатно, да ...
4 хороскопски знаци кои самите си ја потценуваат интелигенцијата Јарци, вие сте можеби најинтелигентниот знак во Зодијакот, но самите не се гледа...
3 хороскопски знаци кои секогаш избираат постари (и позрели) партнери Секоја жена има различни желби во љубовта. Некои жени сакаат партнерот според го...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Една ваша навика поради која не сте продуктивни, според хороскопскиот знак Продуктивноста зависи од многу фактори, но во голем дел зависи и од карактерот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg