Комплетен хороскоп за зима 2015/2016: Лавовите ги очекува голема љубов, а Девиците професионални успеси

kompleten-horoskop-za-zima-2015-2016-lavovite-gi-ocekuva-golema-ljubov-a-devicite-profesionalani-uspesi-002.jpg

Вага

Во текот на зимскиот период ќе ве мачи „гладот“ на повеќе начини, не само што ќе сакате повеќе да уживате во храната, туку и ќе имате пориви да заработувате повеќе. Ова второво поле ќе биде нагласено и понатаму. Добар совет е да се откажете од првото поле, бидејќи можете да накачите некој килограм повеќе. Свеста ви е насочена кон претприемништвото и добро е да ги искористите сите можности кои ќе бидат поволни за вас. Постојат работи кои долго време сте ги очекувале, па сега ќе дојдете до одлични идеи како да ги остварите вашите желби.


Скорпија

Вашиот знак го очекуваат доста предизвици. Ќе имате енергија повеќе од вообичаено, па добро е да пробате некој зимски спорт. Ќе бидете неодоливи на спротивниот пол. Можно е да имате тајна љубовна врска. Ќе ве опседнат мисли во врска со некоја личност од соседството или некоја ваша блиска личност. Ве очекуваат и мали проблеми со финансиите, бидејќи Сатурн ќе ви дава таква енергија на полето на парите. Сè ќе помине и ќе научите како да се носите со оваа енергија. Ќе поминувате повеќе време со блиските, бидејќи сте заштитнички настроени и се грижите сè да биде во ред.


Стрелец

Ќе се послужите со вашата интуиција за да заработите повеќе пари. Понекогаш ви се чини како да не поминувате низ добар период, но веднаш потоа ви се враќа оптимистичкиот дух како на ниту еден друг знак од Зодијакот. Ѕвездите посочуваат на можни тајни непријатели кои го сакаат вашиот дел од колачот. Љубоморните противници ќе се обидат да се надмудруваат со вас, но сфатете ги само како уште еден предизвик.


Јарец

Од јануари ќе посакате да ги завршите старите и недовршени работи во вашиот живот. Ќе имате позитивна енергија и повеќе елан и оптимизам од вообичаено. Искористете го тоа на продуктивен начин и лесно ќе ги намалите тензиите во вашето опкружување. Тема кои најмногу ќе ве интересира се парите од кои можете да добиете големо задоволство. Внимавајте на вашето здравје. Сите одлуки кои ќе ги донесете овој период зависат исклучиво од вас.


Водолија

Она што е актуелно кај вас е можноста да стекнете пари преку пријателските врски и честото дружење. Можете да имате поддршка од вашите надредени и да бидете успешни на професионален план. Колегите ќе ви пренесат вештини кои ќе ви помогнат да ја добиете позицијата која ја посакувате. Потрудете се и тоа да го постигнете, бидејќи секоја одлука не зависи од некој друг, туку исклучиво од вас самите. Љубовта малку подоцна доаѓа на ред во вашиот живот.


Риби

Знакот на најголеми тајни ќе мора да почека за важните работи, а моментално може малку да се одмори за да дојде до големи победи. Можно е да дојдете до пари кои ќе ги заработите од странство. Нема да имате недостаток од нив, но важно ви е да направите добар план и да дојдете до конкретен успех.



Би можело да ве интересира:

Со кој хороскопски знак никогаш не би требало да почнувате врска (иако привлечноста меѓу вас е магне... Близнаците се мошне љубопитни по природа, па затоа воопшто не зачудува тоа што о...
Каде треба да отпатувате во 2024-та според хороскопскиот знак? Скорпија - Скорпиите сакаат возбуда, страст, па токму поради тоа совршена д...
Какви личности треба да избегнувате, според хороскопскиот знак? Девица - Не ви треба некој што лесно губи контрола, а потоа секогаш очекува...
Која особина не можете да ја толерирате кај партнерот, според хороскопскиот знак? Рибите мразат лажговци, а Јарците мрзеливи и бесцелни луѓе. Која особина ве ирит...
Една причина зошто секој хороскопски знак ви ги игнорира пораките Овните нема да ви вратат веднаш ако не сте им приоритет, Стрелците го оставаат т...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg