Што ќе понесе секој хороскопски знак на пуст остров?

shto-bi-ponel-na-pust-ostrov-sekoj-horoskopski-znak-ovenot-kompas-ribite-dnevnik-1.gif

Вага - Книга за преживување

Вагите сакаат со план да ја „нападнат“ секоја ситуација, да знаат кое растение е отровно, која вода можат да ја користат за пиење... Па заради тоа, ако се најдат на пуст остров, покрај себе ќе сакаат да имаат книга за преживување која во себе ќе ги содржи сите идеи за снаоѓање во дивината.

Скорпија - Мачета

Скорпијата никогаш не би кажала не на оружје, посебно кога треба да се снајде и да преживее. Не сакаат некој грабливец да ги фати неподготвени и да ги нападне, напротив, внимателни и на штрек, први ќе нападнат и ќе се спасат. А, после тоа, Скорпиите одбираат да ловат за да преживеат и да се нахранат.

Стрелец - Кану

Веднаш штом би се нашле на пуст остров, Стрелците ќе почувствуваат сериозна досада и ќе сакаат да избегаат од таму. Затоа, ако треба да одберат нешто, секогаш би одбрале кану со кое ќе можат да заминат на патување низ океани и мориња. Стрелците секогаш се подготвени да почнат со планирање на бегство.

Јарец -  Мапа

Ако Јарецот не може нешто да истрпи, тоа е да нема одговори. Мораат да знаат каде се во било кое време и да знаат што ќе прават понатаму. Затоа, мапата секогаш ќе им се најде за двапати да проверат што и како прават. Плус, Јарците би ги запишувале и сите поважни информации за ништо да не заборават.

Водолија - Повеќенаменски нож

Водолијата е најиновативна и креативна од сите други хороскопски знаци, па со себе би понела повеќенаменски нож со кој ќе може да креира средство за патување, засолниште, да запали оган... Ако некој има најголема шанса да преживее, тоа е Водолијата која без оглед на ситуацијата никогаш нема да се откаже, а нејзините идеи никогаш нема да престанат да испливуваат на површина.

Риби - Дневник

Емоциите на Рибите ќе испливаат на површина и комплетно ќе ги обземат, па затоа, ќе мораат да најдат начин како да ги изразат. Како би можеле да наштетат на кутро, беспомошно животно за да преживеат? За тоа ќе пишуваат сè додека некој не дојде и ги спаси од непријатната ситуација.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg