Кинески хороскоп: Што ви носи 2018-та - годината на кучето?

Од 16-ти февруари влегуваме во кинеската година на кучето, која ќе биде претежно позитивна за речиси сите хороскопски знаци.

kineski-horoskop-sto-vi-nosi-2018-godinata-na-kucheto-01.jpg

Какви промени ве очекуваат оваа година, според кинескиот хороскоп?

Стаорец (родени во 1924, 1936,  1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Ова ќе биде година која ќе биде благонаклонета кон вашиот знак, иако во вас може да тлее тивко незадоволство.

Не го слушајте оној мал глас кој ве насочува кон негативните мисли. Напротив, анализирајте ги ситуациите мирно и ќе сфатите дека немате причина за жалење.

Лицата кои патат од осаменост и недостаток на разбирање, оваа година ќе најдат љубов. Лицата во врска ќе имаат силна конекција и можен е брак.

Во 2018-та немојте неразумно да трошите пари, купувајте го она што ви е неопходно. Не навлегувајте во долгови.

Што се однесува до здравјето, внимателно со карлицата и нозете. Не се напрегајте претерано многу.

Бивол (родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

Годината на кучето ќе биде многу подобра од изминатава. Ќе се чувствувате опуштено, а хармонијата позитивно ќе се одрази на љубовниот живот.

Ќе сакате и ќе имате шанса да ги зацврстите односите до блиските, а слободните ќе запознаат лице кое ќе ги потсети што значи страст.

Бидете внимателни со вложување на пари и нивно трошење на облози.

Оваа година ќе откриете колку е важно и менталното здравје, а не само физичкото. Правете работи кои го напредуваат вашиот мозок.

Тигар (родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

На тигарот му се подготвуваат многу пријатни изненадувања оваа година.

Ако имате партнер, ве очекува идилична атмосфера полна со сензуални моменти. Вие сте знак кој не сака да биде потчинет, па слободно пуштете доминантната страна да исплива на површина. Заземете свој став.

Слободните тигри би требало да отворат четири очи, за да не пропуштат важна средба.

Побарајте дополнителни приходи освен основните, бидејќи ова може да биде турбулентна година.

Посебно внимание обрнете на исхраната. Избегнувајте маснотии и не заборавајте да си обезбедите квалитетен сон.

Зајак (родени во 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011) 

Зајакот оваа година ќе биде посебно харизматичен и привлечен за спротивниот пол. Ќе сонувате за промени и нови средби кои може да се претворат во нешто повеќе.

Средбата со едно лице во целост може да ви го промени вашето мислење за љубовта и врските.

На работното место бидете внимателни и трпеливи. Иако вашиот шеф нема да ве изненади со зголемување на платата, вашето време допрва доаѓа. Не заборавајте дека упорноста се исплати.

Ова е вистинска година да почнете да се занимавате со нова физичка активност, но избегнувајте екстремни спортови.

Змеј (родени во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) 

Забави и флертување е она што ќе ви ја одбележи годината на кучето. Многумина нема да бидат подготвени за сериозни врски и тоа е во ред.

Вашата оригиналност посебно ќе дојде до израз и тоа ќе ви ја зголеми самодовербата на работното место.

Оваа година финансиите ќе ги држите под контрола. Иако неодамна имавте непланирани трошоци, не грижете се, ќе има начини на кои ќе ги пополните дупките во буџетот.

Не заборавајте да вежбате дишење за смирување, тоа може да ви го сочува здравјето кое ви пати заради стрес.

Змија (родени во 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) 

Во оваа година ќе откриете нови страсти кои одамна сакате да ги истражите. Лицата во врска ќе најдат начин како да ја подигнат врската на повисоко ниво, а можно е и да станат родители.

Слободните припадници на овој знак ќе имаат шанса за голема љубов, но кон крајот на годината.

На работното место очекувајте проекти кои ќе ви го привлечат вниманието, но и ќе ве чинат прекумерно работење. Бидете трпеливи, вашето време доаѓа.

Внимателно трошете пари, не ви требаат нови долгови.

Во ваша природа е да се грижите за другите, но не заборавајте да се посветите и на сопственото здравје и да одвоите повеќе време за личните потреби.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот знак во ромскиот хороскоп и што открива за вас? Ромскиот хороскоп прецизно го опишува карактерот на секој знак. Родените во знак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg