4 најмоќни хороскопски знаци – невозможно е да ги надмудрите

Тие се посебни и се истакнуваат со способности што другите членови на зодијакот не ги поседуваат.

4-najmokjni-znaci-vo-Zodijakot-01.jpg

Познавачите на астрологијата тврдат дека постојат четири знаци што небото ги обдарило со посебни интелектуални сили и дека секој од нив има специфичен тип на интелигенција:

Девица: Аналитичка интелигенција

Овој земјен знак им припаѓа на оние коишто сакаат постојано да учат. Девиците се детални и доколку влезете во дискусија со нив очекувајте да бидат многу поподготвени од вас.

Ѕвездите ги надариле со посебна аналитичност што им овозможува да го предвидат текот и развојот на настаните, и бидејќи се систематски и големи логичари, тие се способни да проверат сè до најситниот детаљ и да направат план, така што е невозможно да ги надмудрите.

Водолија: Логичка интелигенција

Водолиите се познати по својата логичка интелигенција. Тие го имаат тој небесен дар да гледаат одговори и решенија што другите не се способни да ги видат.

Ја имаат способноста да останат смирени дури и кога работите се напнати. Знаат како да најдат излез од секоја ситуација на најчудни начини на кои никој друг и не би помислил.

Водолиите размислуваат и реагираат мошне брзо и речиси за сите проблеми имаат решенија. Доколку се соочите со нив кога станува збор за надмудрување, сигурно е дека од таа битка ќе излезете како губитник.

Скорпија: Емоционална интелигенција

Луѓето родени во овој воден знак точно знаат како да го добијат она што го сакаат. Скорпиите сакаат да смислуваат планови и начини за постигнување на целите, да кројат и да анализираат длабоко во ноќта до раните утрински часови.

Небото им подарило посебна емоционална интелигенција, така што тие лесно манипулираат за да ги принудат другите на постапки што можат да им овозможат да ги реализираат своите планови.

Стрелец: Лингвистичка интелигенција

Вклучете се во комуникација со Стрелецот и само тогаш ќе го разберете нивниот посебен дар – јазичната интелигенција. Луѓето родени во овој огнен знак се отворени, имаат силно чувство за добро и зло и се полни со самодоверба.

Кога нивната доверба во другите е разнишана, Стрелците со задоволство ја користат својата интелектуалната способност како главно оружје.

Доколку реши да ве надмудри, Стрелецот може да го направи тоа без никакви проблеми.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg