„Aко се скинат, ги врзуваш со жица и тераш уште 20 години“ - Хит твитови за влечките од ЧИК Куманово (фото)
Повозрасните се сеќаваат на старите гумени влечки што се произведуваа во фабриката ЧИК Куманово, а беа застапени во секоја македонска куќа. Ги имавте ли и вие? Фотката на која Роналдо збунето ги гледа овие влечки беше хит на социјалните мрежи.
Иако веќе неколку години наназад не се произведуваат, во голем број македонски домови нив сѐ уште ги има, а повозрасните тврдат дека поиздржливи обувки никогаш не биле произведени.
Народски ги викаа и „малтерки“, затоа што со нив слободно можеш да работиш и нема да се скинат, а многумина се сеќаваат и како родителите ги бркале со овие влечки.
„Со влечките можеш да работиш на градилиште, нива и во војска, а Чик се одлични за секаква пригода, доколку се закинат можеш да ги стегнеш со поцинкувана жица и тераш 20 години. Купувајте квалитет, не име“ - стои во еден од коментарите на цоцијалните мрежи.
Во 2017-та година хит на социјалните мрежи беше фотографијата на која Кристијано Роналдо, кој тогаш играше за ФК Real Madrid имаше тренинг во Скопје, а се загледа во влечките на човекот што ја одржува тревната површина на националната арека „Тодор Проески“, а кои беа токму такви.
„Да не заборавиме дека и Роналдо ги има запознаено влечките на ЧИК Куманово“ – стои во еден од твитовите.
Да не забраемо дека и Роналдо ги има запознаено влечкете на ЧИК Куманово. pic.twitter.com/yYDozJ7Jwj
— druže 𝕏 (@rmcfmk) August 11, 2020
Фотографијата стана хит и во 2022-ра година кога македонската фудбалска репрезентација оствари победа над европскиот првак Италија во првиот бараж натпревар за учество на Светското првенство во Катар, па пред натпреварот со Португалија, повторно се споделуваа твитови:
„Роналдо, идеме по тебе. Не си тепан со влечки од ЧИК Куманово“
Роналдо, идеме по тебе.
— Ебачот од Никарагва (@cherga_omnes) March 24, 2022
Не си тепан ти со влелки од ЧИК Куманово 😁 pic.twitter.com/qkZlIguxFS
На социјалните мрежи ЧИК Куманово честопати се тема на комични статуси и објави, што нѐ потсетуваат на детството и на тоа како живеевме во минатото.
„Мајкл Корс украл дизајн од Чик Куманово влечки... Само овие ќе се распаднат за 2 сезони - а Чик се неуништливи“.
Мајкл Корс украл дизајн од Чик Куманово влечки...само овие ќе се распаднат за 2 сезони - а Чик се неуништиви. pic.twitter.com/x7gSpKLUio
— Jas (@BrlaBrla) July 11, 2021
„Бершка во соработка со Чик Куманово ви претставува...“
Бершка во соработка со Чик Куманово ви претставува 👇 pic.twitter.com/db92eRh1gv
— Дани (@_Dani_D_) April 2, 2022
„Мајка ми ме бркаше со папучата ехееееее, некад и ќе ме фатеше“
Мајка ми ме бркаше со папучата ехееееее, некад и ќе ме фатеше 🤪
— Вампирка (@drakulka143) March 13, 2021
Б. С. Б. | Црнобело