Бев во Охрид и се разочарав од нашата некултура - Бродови заглавени во пластични шишиња, најлонски кеси по плажите

Го чувствувате ли мирисот на отпадот расфрлан по улиците? Не го покривајте носот. Оставете да ве потсетува на човековата некултура која го претвори општеството во карикатурата на потсмевот. Би ви посакал добредојде во општеството кое заеднички се обидуваме да го уништиме. Се надевам уживате што сте тука, барајќи оправдување за сопственото однесување.

bev-vo-ohrid-brodovite-se-zaglavile-vo-plasticnite-sisinja-dodeka-pak-platnoto-na-ubavata-biljana-se-izvalkalo-od-masloto-i-zamatenata-ezerska-voda-01.jpg

Бев во Охрид, а таму бродовите се заглавиле во пластичните шишиња и отпадот, додека, пак, платното на убавата Билјана се извалкало од маслото и заматената езерска вода.

Живееме во свет чија природна моќ создала толку многу природни богатства со кои треба да се гордееме и да ги чуваме бидејќи се единствени и наши. Но, ние секојдневно дозволуваме тие да страдаат поради нашата некултура.

Бев и во Преспа. Што да ви кажувам пак од таму, кога најлонските кеси расфрлени по брегот на Преспанското Езеро сведочат за вандализмот на посетителите и несовесните туристи.

bev-vo-ohrid-brodovite-se-zaglavile-vo-plasticnite-sisinja-dodeka-pak-platnoto-na-ubavata-biljana-se-izvalkalo-od-masloto-i-zamatenata-ezerska-voda-02_copy.jpg

Додека канделабрите во градските паркови се откорнати, а клупите оштетени, додека во фонтаната ја гаснете цигарата, а во реките го фрлате стариот мебел, ние како општество сè подлабоко тонеме во депонијата на несовесноста и бесрамноста.

И додека ми велите: „Добар ден!“ на улица, плакнејќи си ја устата дека зборува вашата култура, јас би ви рекол дека културата не е само доброто образование, завршениот факултет или пак кажувањето „Добар ден!“ на секој познаник што ќе го сретнеш.

Културата треба да се наоѓа во себе. Да имаш култура не значи да посетуваш културни манифестации, опери, концерти, да одиш на кино или пак во театар.

Културата е да го собереш отпадот кој си го направил на ливадата каде си правел скара. Да не го претвораш секое излетничко место во депонија иако кантата за отпад ти била пред очите. И да си го чуваш градот додека другите го уништуваат мислејќи дека се „кул”.

bev-vo-ohrid-brodovite-se-zaglavile-vo-plasticnite-sisinja-dodeka-pak-platnoto-na-ubavata-biljana-se-izvalkalo-od-masloto-i-zamatenata-ezerska-voda-04_copy.jpg

Жал ми е што некултурата вреска од нас, а совеста одамна нè напуштила. Околината ја претворивме во циркус во кој сме убедени дека сме нејзини газди на кому му е сè дозволено.

Сакаме децата да ни бидат културни и воспитани, но кажете ми - од кого да научат? Од чичкото кој прави графити на градбите со историска важност или, пак, од тетката која тресе теписи и ја фрла ќесата со ѓубре од балконот на шесткатницата?

Станува збор за некултурата на човекот, која направи тој да не се засрами доколку му укажете на неговата грешка. Па вие ако сакате уште стопати опоменувајте го момчето кое упорно не го собира изметот направен од неговото милениче во тревникот.

bev-vo-ohrid-i-se-razocharav-od-nashata-nekultura-brodovi-zaglaveni-vo-plastichni-shishinja-najlonski-kesi-po-plazhite-03.jpg

Би ви рекол дека културата е тајно оружје кое нè отсликува и нè обележува нас луѓето, но искрено мислам дека овде нема место за поетика.

Време е да ја земеме метлата и да го исчистиме нашето размислување кое вели дека ние можеме да се однесуваме како сакаме со природата, немајќи свест дека си наштетуваме самите на себе.

И на крајот, пред да се одјавам, би ве поканил да го исчистиме отпадот на улиците заедно, бидејќи нешто почна многу да ми мириса. Но, изгледа не е отпадот туку нашата некултура!

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Се надевам дека ќе имаш храброст да ги направиш работите поинаку Се надевам дека ќе имаш храброст да го сакаш повеќе светот, кој на моменти те ра...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg