„Патлиџан турист“ е балкански синдром - На светските плажи никој не осудува, не му е гајле што јадеш и пиеш

Додека на Балканот се води интернет војна со сите полемики околу „патлиџан туристите“, на светските плажи никој и воопшто не се замара каде лежиш, што јадеш и што пиеш, дали си го купил во маркет или во бар, дали од дома си донел ручек или ќе седнеш во ресторан...

patlidzan-turizam-balkanski-sidrom-na-svetskite-plazi-ne-postoi-01.jpg

Секое лето иста песна се пее на балканските плажи! Штом се затопли и се отвори сезоната за пливање, на социјалните мрежи почнуваат објавите за таканаречните „патлиџан туристи“.

И, како и секогаш, почнува битката на „војниците“ зад тастатурите и лажните профили кои саркастично ги исмејуваат оние кои со домати и кифли отишле на плажа и, од друга страна, поддржувачите на овој туристички феномен според кои не е битно како одиш на плажа и што носиш, сè додека си среќен и чесен.  И секако, позната изрека, „штедиш на храна, за што подолго да останеш на море“.

И секое лето, како по традиција, сагата продолжува, а фотографијата која се споделува е стара со години.

Сопствениците на бич-баровите, рестораните и кафетериите на самиот брег, како и хотелиерите, се жалат за ниската посетеност и намалениот профит во нивните локали. Велат плажите се полни, но касите празни.

Не знам зошто, но имам чувство дека најмногу се жалат газдите од црногорското и хрватското крајбрежје, но и грчките почнаа.

Велат туристите со своите пешкири и чадори го одбираат слободниот дел од плажите наместо нивните лежалки со високи цени, скапи кафиња и ручеци кои чинат една просечна плата.

А, лежалките накрцани едни до други како сардини во конзерва. Додека си на плажа ги слушаш проблемите на соседите, можеш да го помирисаш нивниот крем за сончање и, секако, да им ги видиш картите додека играат хант.

Толку се блиску, што би се рекло „во врат си дишат“.

patlidzan-turizam-balkanski-sidrom-na-svetskite-plazi-ne-postoi-02.jpg

Но, покрај газдите кои ги осудуваат патлиџан туристите поради „празните џебови“, и останати летувалци ги осудуваат. Според некои мислења прочитани на форуми и групи на Фејсбук, ги осудуваат овие туристи како невоспитани и некултурни, кои се себични и мислат само на себе и воопшто не се грижат дали им го уништуваат одморот на другите.

И додека на Балканот се води таа интернет војна со сите полемики околу патлиџан туристите, на светските плажи никој и воопшто не се замара каде лежиш, што јадеш и што пиеш, дали си го купил во маркет или во бар, дали од дома си донел ручек или ќе седнеш во ресторан!

Италија и Шпанија ги имам посетено многупати. Работев на брод и имав среќа да ги посетам плажите во Барселона, Валенсија, Малага, мојата омилена Палма де Мајорка, Сицилија и Сардинија и Ибица. И, на ниту една плажа немаше толку многу лежалки наредени како во Црна Гора, Хрватска и Грција. Плажите се долги, поделени на слободни и со по некој бич-бар, за секој џеб, секако.

Најчесто може да се изнајми и само чадор и да си понесеш свој стол, пешкир или лежалка, ама повеќе сакаат да си легнат на топлиот и ситен песок.

Низ плажите има шанкови од кои можеш да си земеш пијачка на принцип самоуслуга, а до секоја плажа и големи супермаркети со пристојни цени.

Никој ниту те осудува, ниту те гледа „под око“ ако не си во бич-бар со лежалка со сламен чадор!

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Од Скопје се преселив во Бразил: Китам елка на 37 степени, славам Божиќ на плажа Оваа година китев елка на 37 степени и мојот празничен дух не беше баш расположе...
Другарка ми остана бремена, само за да направи забава за откривање на полот и мини свадба за прв род... Драги мои, неверојатно е колку модерното време ни ги промени животите. Сите оние...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg