Македонската носија ја изеле молците, историските книги сме ги затвориле во ковчег - Дали ги почитуваме нашите традиции и култура?

Зарем тука пукнала стомната, па водата од неа ги избришала сите спомени кои вечно ние како народ треба да ги чуваме? Но, секојдневно нашето непочитување кон татковината, културата и традицијата зборува колку сме недоследни за да седиме на чорбаџискиот чардак со историска важност. Едноставно, со нашето однесување не сме покажале дека го заслужуваме тоа место таму.

koncite-od-makedonskiot-vez-pocnaa-poleka-da-se-paraat-i-da-ja-gubat-pletkata-potsetuvajki-ne-deka-ne-ja-pocituvame-sopstvenata-tradicija-i-kultura-01.jpg

Во едно место, во едно старо време и на едно парче света земја. Една старинска куќа, во која се везел везот македонски, во едно место во кое одекнувала песната македонска. Низ призмата на старата страдална македонска историја, низ рацете на жените копачки и на мажите аргати.

Преку очилата на чорбаџиската софра. Во она време, во кое на селските калдрми се испишувале ората историски, во она време каде двајца вљубени се разделувале поради аџилакот и имотната нееднаквост.

Гледаме во сказалките на застанатиот ѕиден часовник. Во времето кое поминало и оставило неизбришлив траг, за кој денес имаме само спомен - приказната за македонската традиција. Онаа нашата.

Сигурен сум дека сите добро ја знаете, но бидејќи започнав да гледам како конците од македонскиот вез почна полека да се параат и да ја губат плетката, решив малку да ве потсетам на нашите вредности кои се слика на нашата големина како народ.

koncite-od-makedonskiot-vez-pocnaa-poleka-da-se-paraat-i-da-ja-gubat-pletkata-potsetuvajki-ne-deka-ne-ja-pocituvame-sopstvenata-tradicija-i-kultura-02.jpg

Чесниот кадија од македонската народна приказна би ви кажал дали сте криви или не, а јас би ве запрашал - колку и дали воопшто ги почитуваме нашите традиција и култура?

Зарем тука пукнала стомната, па водата од неа ги избришала сите спомени кои вечно ние како народ треба да ги чуваме? Но, секојдневно нашето непочитување кон татковината, културата и традицијата зборува колку сме недоследни за да седиме на чорбаџискиот чардак со историска важност. Едноставно, со нашето однесување не сме покажале дека го заслужуваме тоа место таму.

Бидејќи и пишувањето на споеното „незнам“ наместо „не знам“ го руши чорбаџискиот чардак. Го крши секој орнамент изрезбан на него зборувајќи за негрижата кон зборот македонски, односно за нашата неписменост со која го срамиме светиот јазик на Македонците.

koncite-od-makedonskiot-vez-pocnaa-poleka-da-se-paraat-i-da-ja-gubat-pletkata-potsetuvajki-ne-deka-ne-ja-pocituvame-sopstvenata-tradicija-i-kultura-03.jpg

Додека ги пакуваме куферите и заминуваме некаде далеку од дома, удирајќи се во гради дека сме родољуби, а надвор срамејќи се да признаеме од каде доаѓаме шетаме со наведната глава заборавајќи на мајчинските корени.

И додека се восхитуваме на убавините во туѓите земји, внимавајќи истите да не ги оштетиме, го продаваме и плукаме по нашето културно наследство однесувајќи се толку ладно и бесчувствително како да имаме друго, наоѓајќи маана во сè, без да се потрудиме да го заштитиме

Зарем сте го слушнале ритамот на орото македонско? Нешто ми е тивко. Се прашувам што се случува бидејќи тапанот не удира со истата јачина како порано.

Зарем моминската песна се пее уште или се удавила во странските трендови?

Гледам македонската носијата ја изеле молците, бидејќи не се нашол некој да ја заштити и овековечи.

Додека пак книгите со историска важност сме ги затвориле во некој ковчег...

koncite-od-makedonskiot-vez-pocnaa-poleka-da-se-paraat-i-da-ja-gubat-pletkata-potsetuvajki-ne-deka-ne-ja-pocituvame-sopstvenata-tradicija-i-kultura-04.jpg

Се изгубивме во преполното море на сопствените ние, не можејќи да се себе познаеме. Страдаме додека другите нè плукаат не можејќи гордо да викнеме дека ова сме вистинските ние.

Поради нашето непочитување на оваа македонска приказна, везот се отпара а плетката веќе не е онаа нашата. Па ако сакаат и уште педесет старици нека ја исправуваат, но залудно е.

Додека ние самите не одлучиме да се обединиме и заеднички да го довршиме везот. Бидејќи ние сме должни да го заштитиме тоа што е наше.

Ова е нашата приказна, заколнати сме да ја изградиме сопствената иднина во која ќе живееме сложно и братски. Ветивме дека сами ќе го допишеме крајот на нашата приказна, дека повторно ќе го заиграме орото на слогата докажувајќи му на светот колку вредиме.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg