Доаѓа време кога веќе не можеш да бидеш толку наивна...

Си дозволуваш да им се лутиш на луѓето, но престануваш да им се одмаздуваш, знаејќи дека универзумот ќе се справи со тоа многу подобро од тебе...

doagja-vreme-koga-vekje-ne-mozhesh-da-bidesh-tolku-naivna-01.jpg

Доаѓа време кога веќе не можеш да бидеш толку наивна. И дури им завидуваш на оние што можат.

Престануваш да мислиш дека еден ден ќе ги завршиш сите обврски и ќе се опуштиш. А, тогаш се покажува дека напнатоста не е однадвор, туку однатре.

Престануваш да ја доживуваш пасивната агресија како воздржаност.

Удираш каде што треба да удираш. А, сфаќаш дека нема толку многу причини за тоа.

Отсуството повеќе не го прифаќаш како присуство. Бидејќи присуството е тешко, а луѓето сè почесто почнуваат да отсуствуваат.

Почнуваш да ѝ веруваш на својата интуиција. Ги препознаваш волците во јагнешка кожа. Дури и ако е многу скапа. Дури и ако многумина не ги препознаваат.

Ја гледаш насмевката и сфаќаш за што се работи. Од една насмевка почнуваат да те лазат морници и губиш здив, а за друга насмевка срцето ти се отвора.

Престануваш да го прифаќаш восхитот како љубов, а прикриеното заведување како вистински интерес.

Престануваш да се воодушевуваш. Го гледаш убавото, се сеќаваш на грдото и сето тоа го комбинираш со човечкото во луѓето.

Повеќе не ја играш улогата на добра самовила или лоша вештерка, а во себе препознаваш обична волшебничка.

По слетувањето, смирено ги пропушташ сите да излезат од авионот. Затоа што знаеш дека и нејнестрпливите ќе ве чекаат во автобусот за и последниот патник да излезе од авионот.

Почнуваш да бараш реципроцитет. И од најблиските и од себе. Но, пред сè од себе.

doagja-vreme-koga-vekje-ne-mozhesh-da-bidesh-tolku-naivna-02.jpg

Креваш раце и отвораш уста за да се караш по навика, но застануваш во моментот и наоѓаш сила да се смириш.

Не одиш по патот каде што нема проблеми, туку по патот каде што работите се појасни и подлабоки.

Си дозволуваш да им се лутиш на луѓето, но престануваш да им се одмаздуваш, знаејќи дека универзумот ќе се справи со тоа многу подобро од тебе.

Зборуваш од срце и веднаш те слушаат. Но, ако срцето молчи, и ти молчиш. Стоиш на својот став и мислење, и губиш интерес да се докажуваш со другите.

Престануваш да ги потценуваш оние што не ти се допаѓаат. Престануваш да се потценуваш и да се срамиш од себе.

Престануваш да страдаш и да се обвинуваш затоа што си паднала, наместо тоа стануваш и продолжуваш понатаму.

Почнуваш да сфаќаш дека успехот, креативноста и родителството се патишта полни со грешки, но може да се коригираат.

Со сè ова ќе се соочиш еднаш. Но, подобро порано отколку подоцна. Подобро со искуство кое ќе ти остави лузни, но нема да те убие. Ќе те разочара, но не целосно. Ја зема младоста, но ти дава мудрост.

Е, тогаш ќе уживаш во својата зрелост…

Извор

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg